Стратфор: Балканот под закана на исламистички милитанти

Во анализата на Стратфор за милитантното насилство на територијата на поранешна Југославија се наведува дека и покрај присуството на меѓународните сили и релативниот мир во регионот, воинственоста и можноста за насилство и натаму предизвикуваат загриженост на Балканот. Главната закана, според агенцијата, се радикалните исламистички милитанти.
Неодамнешното апсење на тројца осомничени босански радикални исламски милитанти покажува постојан потенцијал на милитантното насилство во поранешна Југославија, се наведува во анализата на Стратфор, во која се потсетува дека тројцата осомничени босански исламистички милитанти биле уапсени во куќата на Аднан Речица во Брчко, при што полицијата запленила експлозив, мобилни телефони како активатори, огнено оружје, муниција, панцири и исламистичка пропаганда на арапски јазик.

Властите запленија и друга воена и комуникациска опрема, како и опрема која се користи во производството на дрога и експлозиви. Полицијата и медиумите тврдат дека Речица планирал напад и оти имал врски со вахабистичката група во градот Доња Маоца.
Тензиите меѓу етничките и религиозни групи на Балканот ќе јакнат и ќе слабеаат како што впрочем беше и низ историјата. Сепак, главната опасност за кревката безбедност на регионот е транснационалната исламистичка милитантност.

Во анализата на Стратфор потоа се прави детален историски преглед на милитантните организации во регионот во последните 100 години при што се додава: Областа на поранешна Југославија е погодна почва за милитантни групи. Низ вековите, за бунтовниците и шверцерите, планинскиот терен на Балканот беше погоден за тактиката удри и бегај. Планините исто така, овозможуваат регионалното население да живее во изолирани делови што оневозможува потрајна консолидација на регионот.

Апсењето на Речица покажува дека и покрај присуството, додуша ограничено, на меѓународните сили и релативниот мир во регионот, милитантноста и потенцијалот и натаму загрижуваат на Балканот.


Во прегледот, Стратфор наведува дека првата модерна милитантна група на територијата на поранешна Југославија беше Внатрешната македонска револуционерна организација - ВМРО, која, како што додава, била активна во периодот меѓу 1893 и 1945, со цел да ја ослободи Македонија, најпрвин од Османлиите, а потоа и од Србите. Во текот на Втората светска војна, повеќето членови на ВМРО биле апсорбирани во југословенските комунистички партизани, предводени од Јосип Броз Тито.

Старфор потоа ги набројува и другите милитантни групи преку Усташката хрватска револуционерна организација, четниците во Србија, партизаните на Тито, па се до Ослободителната армија на Косово и исламистите во Босна и Херцеговина.
Првата модерна милитантна група на територијата на поранешна Југославија беше Внатрешната македонска револуционерна организација - ВМРО која, како што се додава, била активна во периодот меѓу 1893 и 1945, со цел да ја ослободи Македонија, најпрвин од Османлиите, а потоа и од Србите.

Во врска со можниот иден развој на милитантното движење, Стратфор потсетува на тензиите во регионите Прешево и Санџак во Србија, но и на можната опасност од домино ефект на насилство доколку Косово се подели.

Признавањето на владата на Косово на правото на Србите во северниот регион да и се приклучат на Србија ќе предизвика албански реакции во Косово и веројатно во областите населени со Албанци, во јужниот дел на Србија и во западна Македонија каде што, како што забележува Стартфор, е на сила деликатен договор за поделба на власта меѓу етничките Македонци и етничките Албанци.

Дури и без поделба на Косово, Албанците стануваат се понегостољубиви за ЕУЛЕКС и тоа главно поради напорите на мисијата да се справи со илегалната трговија.

Од друга страна, Босна и Херцеговина се соочува со политичка нестабилност, поради постојаните расправии на трите народи. Сепак, како што се наведува, Загреб и Белград се уште ги држат под контрола своите роднини барем да не им ја расипат нивната цел - членство во Европската унија.

Тензиите меѓу етничките и религиозни групи на Балканот ќе јакнат и ќе слабеаат како што впрочем беше и низ историјата. Сепак, главната опасност за кревката безбедност на регионот е транснационалната исламистичка милитантност, заклучува Стратфор.