Бесплатен превоз, помали давачки за вадење лични документи, поголема социјална помош – дел од барања на новоформираното здружение на невработени.
Бесплатен градски превоз, помали давачки за вадење на лични документи и поголема социјална помош за невработените од новата влада ќе бара новоформираното здружение на невработени лица „Македонија“. Неговите членови изработуваат и предлог закон за невработени лица според европските стандарди, кој ќе го достават до Парламентот. Генералниот
секретар на здружението Гордан Давитковски вели дека тие сакаат да и ја пренесат пораката на владата дека невработените лица немаат исти права како вработените, односно обврските кон институциите им се исти, без разлика на месечните примања.
„При вадење на лични документи да не ја плаќаат целата сума туку како што е со Фондот за здравство, односно со некоја партиципација, бидејќи е невработен и нема приход од каде. Треба ли да биде криминалец за да плати некоја таксативна работа во државата?“
Според претседателот на здружението Воислав Кукољ мора социјалната помош да коренсподира со трошоците за живот.
„Ако потрошувачката кошничка во Македонија е 250 евра и тековни трошоци за струја и вода се 100-тина евра, значи социјалната помош би требало да биде околу 350 евра, односно платата на вработените да биде 600 до 700 евра, доколку одиме според европските стандарди.“
Како и невработените лица да се возат во автобусите на ЈСП бесплатно, додава Давитковски.
„Да се добие бесплатен превоз за да може невработените лица да стигнат до одредена дестинација каде постои можност за вработување.“
Податоците на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2011 година покажуваат дека невработеноста во земјава изнесува 31,2 насто. Според индексот на сиромаштија секој трет Македонец е сиромашен. Невработените кои имаат месечни примања од 11 илјади денари владата реши да се простат од сините картони. Тие ќе останат бесплатни само за оние кои примаат социјална помош и невработените кои годишно имаат приход од 132 илјади денари.
Ако потрошувачката кошничка во Македонија е 250 евра и тековни трошоци за струја и вода се 100-тина евра, значи социјалната помош би требало да биде околу 350 евра.