Врз што ќе се темели новата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, ќе има ли писмена гаранција за барањата на ДУИ, како ќе се одрази застојот во решавањето на спорот со името?
Новата влада веќе е познато дека ќе биде формирана од победничката коалиција За подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ и партијата ДУИ, а преговорите за нејзиниот состав се во тек. ВМРО-ДПМНЕ на изборите освои 56 пратеници заедно со оние три од дијаспората, а ДУИ петнаесет. Претседателот Ѓорѓе Иванов во вторникот му го врачи мандатот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски за
формирање на новата влада, кој има законски рок од 20 дена да предложи владина програма и да состави кабинет. Потоа, Собранието, во рок од 15 дена треба да треба да одржи седница на која ќе се гласа за доверба на Владата. Непосредно пред изборите, премиерот Никола Груевски изјави дека досегашната соработка со ДУИ била одлична и функционална, иако
призна дека не секогаш имале заеднички став околку одредени прашања. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментираше кратко и јасно дека ќе коалицира со онаа партија на која македонскиот електорат му ја дал довербата. Двете партиите во периодов работат на усогласување на нивните изборни програми за да креираат заедничка владина платформа. Отаму се поставува прашањето која им основата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во формирањето на новата влада и вториот заеднички мандат на чело на државата?
Ќе се обединат ли околу заедничка платформа?
Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека програмите на двете партиите имаат неколку точки во кои се совпаѓаат.
„Нивните програми се совпаѓаат во основната определба да се гради демократско и просперитетно општество, дека тоа може да се оствари преку зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, развој на стопанството врз пазарни основи.“
Но, има и такви за кои имаат различни ставови, додава Зибери.
„Имаат исто така разлики по многу прашања кои се однесуваат на релацијата на меѓуетничките односи и надворешната политика. Тука пред се мислам на статусот на албанскиот јазик, решавањето на статусот на припадниците на поранешната ОНА, употребата на албанското знаме и неколку други прашања околу кои ќе треба да се усогласат.“
Професорот Здравко Савески вели дека не може да се зборува за некоја блиска идеологија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според него ДУИ е заинтересирана само за застапување на албанските интереси.
„Бидејќи не е застапена таа нејзина идеолошка профилираност во некоја лево центристичка влада тие едноставно се заинтересирани да учествуваат во власта и можат да го направат тоа без разлика на политичкиот противник.“
Професорот Алберт Муслиу вели дека неколку нивни цели би се квалификувале како генерални и заеднички за кои се залагаат сите политички субјекти во Македонија, како што е економскиот развој и подобрување на позицијата на земјава на меѓународен план.
„Има прашања на пример за кои двете страни се заинтересирани. Од ДУИ веќе имавме најава за кои прашања ДУИ е заинтересиран, а тоа се евроинтегративните процеси, завршување на процесот со името, хашките слуачи, припадниците на ОНА, хашките случаи. Значи ова се прашања кои треба да се елаборираат затоа што се дел од прашањата за кои двата коалициски партнери имаат разговарано пред три години, а за кои не се најде разбирање.“
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека двете партии имаа предизборни програми со кои ја добија довербата на гласачите и кои треба да ги исполнат во иднина.
„Со оглед дека нели настапуваа одделно се разбира дека има усолгасувања и затоа се и овие преговори за самото формирање на влада. Јас верувам дека ќе има една заедничка платформа врз која ќе се градат понатамошните односи и одлуки помеѓу коалиционите партнери.“
Евроинтеграциите и спорот за името предизвик на новата влада
Стратешките цели на ВМРО ДПМНЕ испишани во Манифестот за реформи и развој се зголемување на економскиот развој и вработеноста, евроатланска интеграција на Македонија, борба против корупцијата и
криминалот и ефикасно спроведување на правото, како и одржување на добри меѓуетнички односи, спроведување на Рамковниот договор и инвестирање во образование, наука и информатичко општество. ДУИ пак на изборите атакуваше со програма заснована на целосното спроведување на Рамковниот договор, реформи во здравството, образованието, културата, намалување на невработеноста и сиромаштијата, и решавање на проблемот со името. Зибери вели дека мора двете партии да имаат една зедничка платформа за Владата да биде поефикасна во следниот четиригодишен мандат.
„Доколку сакаме да имаме влада која не вози така да кажам „по две страни“ тогаш би требало да има усогласена платфрома и програма која ќе биде одраз на две политички партии. Определбите нивни се Македонија конечно да има една владина програма зад која ќе стојат двете клучни чинители на истата.“
Според Савески и досега тие делувале усогласено со тоа што ДУИ само ги следеше потезите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи иста неолибералистичка политика со која теоретски ДУИ не би требало да се усогласува, но заради учество во власта и во интерес на остварување на барањата кои се однесуваат на Албанците, ДУИ го смета тоа за помалку важно и едноставно ја остава ВМРО-ДПМНЕ да ја води економската политика онака како што смета дека е најдобро.“
Муслиу смета дека владејчката коалиција преговара, бидејќи досега немале заедничка платформа и нема повеќе да функционираат како „раштиман“ оркестар.
„Во кои делови нема да се усогласат поради тоа што не можат да имаат тие идентични ставови за сите прашања и идентична платформа, тоа ќе треба да се види како ќе се договорат. Но, верувам дека овој пат нема да можат да ги избегнат и да излезат со заедничка програма за да не можат потоа и владините работи да ги претставуваат како партиски достигнувања.“
И Божиновски го дели истиот став.
„Верувам дека без заедничка платформа не може да функционира самата влада.“
Едно од прашањата за кое ДУИ инсистираше да биде решено уште во претходниот мандат е спорот со името со Грција. ДУИ и овој пат на изборите им вети на гласачите брз влез на Македонија во ЕУ и НАТО, а тоа го побара и од нивниот партнер во Владата. Според нашата анкета на веб страната „макденес.орг“ дали новата Влада ќе го реши проблемот со нашиот јужен сосед речиси 68 насто одговориле со не, околу 24 со да, а околу 9 насто од нив со не знам. Според Зибери ставот на двете партии е дека проблемот треба да биде надминат, но имаат различни видувања во роковите и динамиката на неговото решавање.
„ДУИ сака и инсистира на што побрзо решение, додека ВМРО-ДПМНЕ е повнимателна на тој план, објективно тргнувајќи од состојбите кои се однесуваат на проблемот со името и тангирањето на одредени прашања кои спорот со името ги начнува во однос на идентитетските прашања на македонскиот народ.“
Колку проблемот со името ќе влијае врз одржливоста на заедничката платформа, како и врз коалицијата и нејзината иднина? Зибери очекува ДУИ повторно да биде толерантен околу спорот со името, како и во минатото.
„Иако се закануваше неколку пати дека може да дојде до владина криза и напуштање на владата сепак до тоа не дојде и сметам дека нивната позиција и во иднина нема да се разликува.“
И Савески вели дека ако раководството на ДУИ беше сериозено во своите намери името да не биде пречка за евроатланската интеграција на Македонија повеќе ќе се залагаше за тоа прашање во тековните преговори.
„Тоа што пред се се концентрира на добивањето на повеќе функции, покажува дека тоа е повеќе реторика отколку дека навистина ќе промени однесување во однос на претходните години додека беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ.“
Муслиу, пак, смета дека тешко е целиот процес околу името да се импровизира и во следниот мандат.
„Тоа прашање мислам дека е горчливо, но јас мислам дека го договараат од старт и тука според најавите на ДУИ се бараше да се разјаснат и тајминзите. Ако нашата дипломатија успее тој цел процес на евроинтеграции да го одблокира без да ги заврши преговорите за името, мислам дека ДУИ не би имал ништо против тоа, но малку е тешко тоа да се изведе.“
Божиновски вели дека сите партии сакаат да ја видат Македонија како членка на ЕУ и НАТО, но тоа не зависи само од нив.
„Не е едната партија да кажеме за, а другата против, сите партии се нели за остварување на оваа заложба која што е веќе 20 години приоритет, мислам дека е добро да се има рокови за завршување на реформите што Македонија треба да ги исполни на патот кон евроинтеграциите, но во случајов кога главна пречка е решавањето на тој спор што го имаме за името со Грција, а тоа не зависи само од Македонија, незнам како би се постигнало тоа.“
Според Зибери ДУИ за спорот со името ги разочара очекувањата на своите гласачи уште во минатиот мандат, односно динамиката на неговото решавања да ја наметне како владин став и ништо драстично не се смени. Со истата политика ќе продолжат и натаму, вели тој.
„Сметам дека тие ќе продолжат по истите патеки со една „топло ладно“ политика во однос на тоа, но ништо посериозно во однос на евентуално напуштање на коалцијата нема да има и сметам дека до брзо решение на прашањето за името доколку нема посериозен напор од меѓународната заедница, нема да има.“
Ќе добие ли ДУИ писмена гаранција за своите барања?
Непридвижувањето во евроатланскиот процес и според Савевски нема да влијае врз ДУИ за евентуални несогласувања или напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа значи дека ДУИ ќе продолжи по старо, значи ќе ја критикува владата односно коалициониот партнер ВМРО ДПМНЕ дека ја кочи Македонија во евроатлантските интеграции, но во пракса нема да ја напушти владата поради тоа, бидејќи тие ќе се правдаат дека остваруваат други цели од агендата.“
Муслиу пак вели дека ДУИ не би го толерирала одложувањето на постигнување компромис со Грција и тоа би можело да биде дополнителна пречка за зголемување на тензиите во новата Влада.
„Ако не се реши тоа прашање мислам дека и ДУИ ќе си го чува својот интерес пред својот електорат, безусловно привршување на преговорите со името и одблокирање на евроинтегративните проциси што кај албанскиот електорат нема алтернатива и јас мислам дека ДУИ ќе биде приморана да се однесува согласно барањата на своите бирачи.“
Во случај на блокиран евроатланска процес ДУИ ќе се соочи со последици и ќе му биде нарушена довербата кај гласачкото тело, додава Муслиу.
„ДУИ имаше последици и во минатиот период, но образложението на функционерите на ДУИ беше дека тие имаат апсолутно мнозинство, сега еден од тие аргументи на апсолутно мнозинство и неможноста да се дестабилизира владата, ДУИ го нема, затоа што бројките укажуваат на тоа дека ДУИ може секогаш да ја дестабилизира владата, така што аргументите што евентуално би ги имала пред својот електорат зошто ова прашање не се решава, ДУИ во идниот период нема да ги има.“
Савевски пак смета дека ДУИ нема премногу да загуби кај нивните симпатизери.
„Тоа што ДУИ тераше вака три години,не ја изгуби поддршката кај албанскиот електорат на овие избори, така што бидејќи е тоа така тие се чувствуваат сигурни дека можат на таков начин да продолжат.“
ДУИ поради отворените прашања кои останаа нерешени во минатиот мандат се најавуваше во јавноста дека ќе бара од ВМРО ДПМНЕ писмена гаранција за остварување на целите договорени во заедничката платформа, како што се проблемот со името и евроатланската интеграција. Зибери вели дека тоа нема да се случи.
„Не, писмени гаранции по однос на решавање на овој проблем нема да добие од ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е свесна за тоа.“
Муслиу пак смета дека потписот на парче хартија е гаранција на спротивните ставови на двете партии за прашањата за кои беа договорени уште во мај 2008 година, но изостана резултат.
„Затоа мислам дека ДУИ освен на вербален договор ќе инсистира и на пишан за да може да се избегнат вакви случаи кога ВМРО ДПМНЕ барем според ДУИ, би укажувала на тоа дека не се договориле за прашања за кои ДУИ тврдеше дека веќе се имаат договорено.“
За Божиновски потпишувањето на таков договор не е остварливо.
„Од друга страна сметам дека определена декларативна заложба која што ќе биде насочник за понатамошните одлуки на коалицијата и за понатамошниот проект на новата влада верувам дека ќе има, дали ќе биде тоа во писмена форма или ќе биде преку заедничка изјава мислам дека е помалку важна.“
Според договорот ДУИ ќе добие 5 министерски места, двајца вицепремиери, 4 заменици-министри и 5 државни секретари. Од ДУИ засега соопштија дека ги добиваат вицепремиерите за европски интеграции и рамковен договор, како и министерствата за одбрана, правда, економија, локална самоуправа и животна средина. Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ најавуваат нови имиња во министерските фотелји и ротација во друг ресор на дел од нивните министри и дека владиниот кабинет ќе биде формиран побрзо од рокот од 20 дена, кој истекува на 18 јули.
Нивните програми се совпаѓаат во основната определба да се гради демократско и просперитетно општество, дека тоа може да се оствари преку зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, развој на стопанството врз пазарни основи.
призна дека не секогаш имале заеднички став околку одредени прашања. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети коментираше кратко и јасно дека ќе коалицира со онаа партија на која македонскиот електорат му ја дал довербата. Двете партиите во периодов работат на усогласување на нивните изборни програми за да креираат заедничка владина платформа. Отаму се поставува прашањето која им основата на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ во формирањето на новата влада и вториот заеднички мандат на чело на државата?
Ќе се обединат ли околу заедничка платформа?
Политичкиот аналитичар Насер Зибери вели дека програмите на двете партиите имаат неколку точки во кои се совпаѓаат.
„Нивните програми се совпаѓаат во основната определба да се гради демократско и просперитетно општество, дека тоа може да се оствари преку зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ, развој на стопанството врз пазарни основи.“
Но, има и такви за кои имаат различни ставови, додава Зибери.
„Имаат исто така разлики по многу прашања кои се однесуваат на релацијата на меѓуетничките односи и надворешната политика. Тука пред се мислам на статусот на албанскиот јазик, решавањето на статусот на припадниците на поранешната ОНА, употребата на албанското знаме и неколку други прашања околу кои ќе треба да се усогласат.“
Имаат исто така разлики по многу прашања кои се однесуваат на релацијата на меѓуетничките односи и надворешната политика. Тука пред се мислам на статусот на албанскиот јазик, решавањето на статусот на припадниците на поранешната ОНА, употребата на албанското знаме и неколку други прашања околу кои ќе треба да се усогласат.
Професорот Здравко Савески вели дека не може да се зборува за некоја блиска идеологија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Според него ДУИ е заинтересирана само за застапување на албанските интереси.
„Бидејќи не е застапена таа нејзина идеолошка профилираност во некоја лево центристичка влада тие едноставно се заинтересирани да учествуваат во власта и можат да го направат тоа без разлика на политичкиот противник.“
Професорот Алберт Муслиу вели дека неколку нивни цели би се квалификувале како генерални и заеднички за кои се залагаат сите политички субјекти во Македонија, како што е економскиот развој и подобрување на позицијата на земјава на меѓународен план.
„Има прашања на пример за кои двете страни се заинтересирани. Од ДУИ веќе имавме најава за кои прашања ДУИ е заинтересиран, а тоа се евроинтегративните процеси, завршување на процесот со името, хашките слуачи, припадниците на ОНА, хашките случаи. Значи ова се прашања кои треба да се елаборираат затоа што се дел од прашањата за кои двата коалициски партнери имаат разговарано пред три години, а за кои не се најде разбирање.“
Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски вели дека двете партии имаа предизборни програми со кои ја добија довербата на гласачите и кои треба да ги исполнат во иднина.
„Со оглед дека нели настапуваа одделно се разбира дека има усолгасувања и затоа се и овие преговори за самото формирање на влада. Јас верувам дека ќе има една заедничка платформа врз која ќе се градат понатамошните односи и одлуки помеѓу коалиционите партнери.“
Евроинтеграциите и спорот за името предизвик на новата влада
Стратешките цели на ВМРО ДПМНЕ испишани во Манифестот за реформи и развој се зголемување на економскиот развој и вработеноста, евроатланска интеграција на Македонија, борба против корупцијата и
Од ДУИ се заинтересирани за евроинтегративните процеси, завршување на процесот со името, хашките слуачи, припадниците на ОНА, хашките случаи. Значи ова се прашања кои треба да се елаборираат затоа што се дел од прашањата за кои двата коалициски партнери имаат разговарано пред три години, а за кои не се најде разбирање.
„Доколку сакаме да имаме влада која не вози така да кажам „по две страни“ тогаш би требало да има усогласена платфрома и програма која ќе биде одраз на две политички партии. Определбите нивни се Македонија конечно да има една владина програма зад која ќе стојат двете клучни чинители на истата.“
Решавањето на спорот со името и деблокирањето на евроатлантските интеграции меѓу главните предизвици за новата влада
Според Савески и досега тие делувале усогласено со тоа што ДУИ само ги следеше потезите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Значи иста неолибералистичка политика со која теоретски ДУИ не би требало да се усогласува, но заради учество во власта и во интерес на остварување на барањата кои се однесуваат на Албанците, ДУИ го смета тоа за помалку важно и едноставно ја остава ВМРО-ДПМНЕ да ја води економската политика онака како што смета дека е најдобро.“
Муслиу смета дека владејчката коалиција преговара, бидејќи досега немале заедничка платформа и нема повеќе да функционираат како „раштиман“ оркестар.
Верувам дека овој пат нема да можат да ги избегнат и да излезат со заедничка програма за да не можат потоа и владините работи да ги претставуваат како партиски
достигнувања.
„Во кои делови нема да се усогласат поради тоа што не можат да имаат тие идентични ставови за сите прашања и идентична платформа, тоа ќе треба да се види како ќе се договорат. Но, верувам дека овој пат нема да можат да ги избегнат и да излезат со заедничка програма за да не можат потоа и владините работи да ги претставуваат како партиски достигнувања.“
И Божиновски го дели истиот став.
„Верувам дека без заедничка платформа не може да функционира самата влада.“
Едно од прашањата за кое ДУИ инсистираше да биде решено уште во претходниот мандат е спорот со името со Грција. ДУИ и овој пат на изборите им вети на гласачите брз влез на Македонија во ЕУ и НАТО, а тоа го побара и од нивниот партнер во Владата. Според нашата анкета на веб страната „макденес.орг“ дали новата Влада ќе го реши проблемот со нашиот јужен сосед речиси 68 насто одговориле со не, околу 24 со да, а околу 9 насто од нив со не знам. Според Зибери ставот на двете партии е дека проблемот треба да биде надминат, но имаат различни видувања во роковите и динамиката на неговото решавање.
„ДУИ сака и инсистира на што побрзо решение, додека ВМРО-ДПМНЕ е повнимателна на тој план, објективно тргнувајќи од состојбите кои се однесуваат на проблемот со името и тангирањето на одредени прашања кои спорот со името ги начнува во однос на идентитетските прашања на македонскиот народ.“
Колку проблемот со името ќе влијае врз одржливоста на заедничката платформа, како и врз коалицијата и нејзината иднина? Зибери очекува ДУИ повторно да биде толерантен околу спорот со името, како и во минатото.
„Иако се закануваше неколку пати дека може да дојде до владина криза и напуштање на владата сепак до тоа не дојде и сметам дека нивната позиција и во иднина нема да се разликува.“
Иако се закануваше неколку пати дека може да дојде до владина криза и напуштање на владата сепак до тоа не дојде и сметам дека нивната позиција и во иднина нема да се
разликува.
И Савески вели дека ако раководството на ДУИ беше сериозено во своите намери името да не биде пречка за евроатланската интеграција на Македонија повеќе ќе се залагаше за тоа прашање во тековните преговори.
„Тоа што пред се се концентрира на добивањето на повеќе функции, покажува дека тоа е повеќе реторика отколку дека навистина ќе промени однесување во однос на претходните години додека беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ.“
Муслиу, пак, смета дека тешко е целиот процес околу името да се импровизира и во следниот мандат.
„Тоа прашање мислам дека е горчливо, но јас мислам дека го договараат од старт и тука според најавите на ДУИ се бараше да се разјаснат и тајминзите. Ако нашата дипломатија успее тој цел процес на евроинтеграции да го одблокира без да ги заврши преговорите за името, мислам дека ДУИ не би имал ништо против тоа, но малку е тешко тоа да се изведе.“
Сметам дека тие ќе продолжат по истите патеки со една „топло ладно“ политика во однос на тоа, но ништо посериозно во однос на евентуално напуштање на коалцијата нема да има и сметам дека до брзо решение на прашањето за името доколку нема посериозен напор од меѓународната заедница, нема да има.
Божиновски вели дека сите партии сакаат да ја видат Македонија како членка на ЕУ и НАТО, но тоа не зависи само од нив.
„Не е едната партија да кажеме за, а другата против, сите партии се нели за остварување на оваа заложба која што е веќе 20 години приоритет, мислам дека е добро да се има рокови за завршување на реформите што Македонија треба да ги исполни на патот кон евроинтеграциите, но во случајов кога главна пречка е решавањето на тој спор што го имаме за името со Грција, а тоа не зависи само од Македонија, незнам како би се постигнало тоа.“
Според Зибери ДУИ за спорот со името ги разочара очекувањата на своите гласачи уште во минатиот мандат, односно динамиката на неговото решавања да ја наметне како владин став и ништо драстично не се смени. Со истата политика ќе продолжат и натаму, вели тој.
„Сметам дека тие ќе продолжат по истите патеки со една „топло ладно“ политика во однос на тоа, но ништо посериозно во однос на евентуално напуштање на коалцијата нема да има и сметам дека до брзо решение на прашањето за името доколку нема посериозен напор од меѓународната заедница, нема да има.“
Ќе добие ли ДУИ писмена гаранција за своите барања?
Непридвижувањето во евроатланскиот процес и според Савевски нема да влијае врз ДУИ за евентуални несогласувања или напуштање на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа значи дека ДУИ ќе продолжи по старо, значи ќе ја критикува владата односно коалициониот партнер ВМРО ДПМНЕ дека ја кочи Македонија во евроатлантските интеграции, но во пракса нема да ја напушти владата поради тоа, бидејќи тие ќе се правдаат дека остваруваат други цели од агендата.“
Муслиу пак вели дека ДУИ не би го толерирала одложувањето на постигнување компромис со Грција и тоа би можело да биде дополнителна пречка за зголемување на тензиите во новата Влада.
Ако не се реши тоа прашање мислам дека и ДУИ ќе си го чува својот интерес пред својот електорат, безусловно привршување на преговорите со името и одблокирање на евроинтегративните проциси што кај албанскиот електорат нема алтернатива и јас мислам дека ДУИ ќе биде приморана да се однесува согласно барањата на своите бирачи.