И покрај пофалбите за едношалтерскиот систем во најновиот извештај на „Дуинг бизнис“, луѓето од бизнис-заедницата велат дека во пракса системот не донел поедноставување.
Унапредување на севкупната деловна клима во Република Македонија и исполнување на директивите и препораките на Европската унија за електронска регистрација; ова се само дел од целите на Едношалтерскиот систем, концепт кој доби и пофалби во новиот извештај „Дуинг Бизнис“ на Светската банка. Сепак, судејќи по изјавите на бизнис заедницата, наводно системот останал само како концепт на хартија, бидејки дел од клиентите не го добиле очекуваното поедноставување. Раде Ненадиќ,
директор на агенција за привремено вработување, вели дека процедурите не се поедноставени:
„Тој функцонира по принципот на едношалтерески систем од шалтер до шалтер, значи од еден шалтер на друг, на трет, на петти шалтер итн, се додека не се заврши работата и таму каде што навистина се средува на еден шалтер тоа трае со денови. Последен пример е дека се поднесуваат одредени документи во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, па нашите пратки се враќаат поради тоа што Фондот во меѓувреме го сменил системот, го сменил образецот на кој што треба да се пополнат документите.“
Сето тоа ја намалува ефикансноста во работењето, додава Ненадиќ:
„Ние како Агенции сме замислени и создадени за тоа да брзо и ефикасно ги завршуваме барањата од стопанството од работниците, но тука веќе наидиуваме на сериозен проблем кога треба да чекаме со денови или недели за некаква реализација на одјава особено во Фондот за здравство за да можеме да го пријавиме лицето.“
Едношалтерскиот систем често се споменува во контекст на странските инвестиции, како еден вид на бенефит за компаниите кои сакаат да инвестираат во земјава. Ваквите концепти не се доволни за привлекување на странски капитал, смета бизнисменот Ристо Гуштеров
„Знаете што воведувањето на ред во државата, а една од тие мерки е и едношалтерскиот систем е добра работа, но тоа да не биде само на хартија туку да биде спроведено на дело. Тоа што го слушам од луѓето коишто се судруваат со тој проблем велат дека не функционира.“
Странците бараат ред, но и дополнителни услови, смета Гуштеров:
„Главно за нив е да постои компетитивна работна сила, земјата да е логистички конкурентна, да добијат бенефити одредени коишто треба да ги даде Владата и ред други стимулации со кои што мултинационалната компанија ќе има конкурентен производ кој што ќе излезе од Макеоднија и ќе може да конкурира со земјите членки на ЕУ.“
Тој функцонира по принципот на едношалтерески систем од шалтер до шалтер, значи од еден шалтер на друг, на трет, на петти шалтер итн, се додека не се заврши
работата.
директор на агенција за привремено вработување, вели дека процедурите не се поедноставени:
„Тој функцонира по принципот на едношалтерески систем од шалтер до шалтер, значи од еден шалтер на друг, на трет, на петти шалтер итн, се додека не се заврши работата и таму каде што навистина се средува на еден шалтер тоа трае со денови. Последен пример е дека се поднесуваат одредени документи во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, па нашите пратки се враќаат поради тоа што Фондот во меѓувреме го сменил системот, го сменил образецот на кој што треба да се пополнат документите.“
Сето тоа ја намалува ефикансноста во работењето, додава Ненадиќ:
„Ние како Агенции сме замислени и создадени за тоа да брзо и ефикасно ги завршуваме барањата од стопанството од работниците, но тука веќе наидиуваме на сериозен проблем кога треба да чекаме со денови или недели за некаква реализација на одјава особено во Фондот за здравство за да можеме да го пријавиме лицето.“
Воведувањето на ред во државата, а една од тие мерки е и едношалтерскиот систем е добра работа, но тоа да не биде само на хартија туку да биде спроведено на дело.