Електронски катастар, намалени цени за услугите кои луѓето најчесто ги бараат, едношалтерски систем, но граѓаните сеуште се жалат на работата на катастарот. Шалтерите сеуште се полни, има турканици, луѓето незнаат као да се снајдат со толку голем број на доокумнети кои им се потребни, незнаат да ги пополнат. Има и такви кои со години чекаат за еден документ.Пред зградата на Агенцијата за катастарски услуги во Скопје, луѓето со папки и документи во раката раскажуваат за проблемите со кои се соочуваат. Дел од нив се задоволни ор работата на катастарот, дел не, но сите со еден заклучок дека добивањето на документите треба да оди побргу.
„Не може да си го повратиме местото 12 години.“
„Сега треба три часа да чекаме.“
„Никој нема кој да ти објасни, пет пати одам за една информација, нема“
„Катастрофа жива.“
„Многу брате бараат администрација, мислам дека треба да е поедноставно.“
„Барање прво, па бројче, тоа толку пари кошта...“
Од Агенцијата за катастар на недвижности, пак велат дека бројот на катастарски предмети кои чекаат решавање е значително намален поради модернизацијата на катастарот и поради измени во законот. Директорот на Агенцијата Љупчо Георгиевски вели дека еден од проблемните со кои се соочуваат е тоа што луѓето немаат целосна документација за да тие им го издадат потребниот документ.
„Дојдовме до заклучок дека голем број од граѓаните во постапка пред разни државни органи не си ги имаат остварено своите права. Притоа, кога ќе дојдат кај нас, ние како последна активност од ланецот што треба да се заврши пред евидентирање на сопствениот имот, не им е целокупната документација во ред.“
Георгиевски вели дека анкетите што ги спороведувале по барање на Светската Банка, покажале дека луѓето во 2006-та на катастарот му дале оценка 3.44. наредната година бил оценет со 3.45. а за последните месеци од 2009-та, со оценка 3.70, што покажаува дека има одредени подобрувања, но дека сеуште се далеку од идеалното. Тој посочува дека граѓаните можат на нивниот веб сајт да проверат што се им е потребно од докумнтација а и да побараат помош од службениците за да не се враќаат по неколку пати само за еден документ.
Дојдовме до заклучок дека голем број од граѓаните во постапка пред разни државни органи не си ги имаат остварено своите права. Притоа, кога ќе дојдат кај нас, ние како последна активност од ланецот што треба да се заврши пред евидентирање на сопствениот имот, не им е целокупната документација во ред.