Достапни линкови

Едноставно до нова фирма, тешко до капитал


Процедурите за отворање нов бизнис поедноставени, но тешко се доаѓа до свеж капитал
Процедурите за отворање нов бизнис поедноставени, но тешко се доаѓа до свеж капитал

За отворање сопствена фирма потребни се неколку денови. Според бизнисмените, процедурите се поедноставени, а проблем останува финансирањето. Тие се жалат дека каматите на банкарските кредити сеуште се високи.

За да се отвори сопствена фирма потребни се неколку денови за обезбедување на потребните документи покажуваат исксуствата на Занаетчиската комора која посредува меѓу корисиниците на услугите и Централниот регистар.
Значи, за решението да го добиете, 24, 48 часа, но за да направите целосно, да засновате работен однос, да имате документ за фонд за пензиско, да добиете матичен број за пензиско и здравство, ви ја кажувам целата постапка, тогаш од осум до десет дена,


„Значи, за решението да го добиете, 24, 48 часа, но за да направите целосно, да засновате работен однос, да имате документ за фонд за пензиско, да добиете матичен број за пензиско и здравство, ви ја кажувам целата постапка, тогаш од осум до десет дена,“

изјави Снежана Денковска од Занаетчиската Комора. За разлика од брзата регистрација на трговските друштва лугето кои се вклучени во пекарската индустрија имаат поголеми проблеми во однос на тоа како да дојдат до пари за сопствена професија. Доколку се нема сопствени извори за основање мал бизнис, кредитните линии на банките и натаму се високи, а тешкотии создава и висината на давачките за осигурувања на вработените вели Јордан кој има искуство со пекарска работилница

„Папирологијата нема проблем, проблемот е сам да си спремиш услови, тоа е потешко, да се снајдеш со пари, да донесеш квалитетна опрема, околу со папирологијата.“

Коцевски Драган во пекрската индистрија е четириесет години. За него во производството на храната најзначајниот аспект се нејзиниот квалитет и безбедноста. Цената на воведување на хасапот зависи од големината на објектот и бројот на вработените како и времето потребно за обука но и за пекарници кои имаат долгогодишно искуство тоа претствува поголем трошок поради потребата од преуредување на објетките, наведува Коцевски

„Во новите објекти нема никаков проблем и не е тешко да се добие дозвола, ако ги исполнувате условите. А, во старите објекти, кои се оформени и тешко може да се извршат преправки, тоа е веќе тешко.“

Некои од овие процедури и особено прашањето како до пари за сопствена професија последните поадтоци дека Македонија е на четврто место по брзата регистрација на фирми ги ставаат во втор план како фактори кои имаат поголемо влијание во подобрување на условиет за бизснис. Инаку за основање мал бизнис потребни се неколку документи - фотокопија од лична карта, потоа проценка од овластен процентил за непаричен влог а доколку влогот е паричен треба да биде во износ од пет илјади евра и нормално доказ за уплатен надоместок

„Се што треба да направат е да дојдат со лична карта, да бидат сигурни дека таков назив не постои кај друга фирма во Македонија и постапката ќе биде завршена.“

изјави Емил Кимовски од Централниот регистар. Согласно тарифата на централниот регистар 2 552 денари ке ги чини корисниците оваа услуга.Со Законот за едношалтерски систем пријавите за упис на основањата, промените и бришењата, во регистарот можат да се поднесат во десет Регионални регистрациони канцеларии на Централниот регистар.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG