Преку образование до медиумски квалитет

Пасивни пренесувачи на настаните, поларизирање на медиумите, недоволна новинарска обученост – дел од забелешките за состојбите во македонското новинарство во спроведеното истражување за различностите во Македонија.
Пасивни пренесувачи на настаните и фактите од реалноста. Ова е погледнот на дел од новинарите во Македонија за нивните работни задачи, презентиран во клучните наоди на истражувањето за различностите во Македонија, кое беше промовирано на денешната конферецнија
Медиумите сами по себе се облик на интеркултурен дијалог, нивната улога е многу поголема од едноставно пренесување на информации, тие придонесуваат и за потикнување на комуникацијата меѓу поединците, заедниците и организациите.

„Образованието за новинари, професионалните вредности и културната разновидност“, во организација наУНЕСКО и Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Мислењата на интервјуираните новинари во врска со нивната квалификуваност се различни. Некои сметаат дека не им е потребна дополнителна обука за да известуваат за различностите, додека други сметаат дека македонските новинари не се доволно способни да известуваат ни за секојдневните настани.

Во клучните наоди се забележува дека мал број на медиуми имаат формално усвоени документи со кои се обврзуваат за почитување на законските и етичките норми, со исклучок на усвоениот кодекс на новинари. На ниво на целата новинарска заедница постои поларизирање на медиумите на различните етнички заедници како живеење или работење во паралелни светови, се наведува во извештајот. Во документот се дополнува дека во однос на селекцијата на вестите, темите кои се на дневните агенди се под влијание на ставовите на главните уредници и уредниците на рубриките. Се забележува и за комерцијалниот притисок врз новинарската професија. Присутните на конференцијата во првичните излагања го забележуваат значењето на образованието за подобрување на состојбите во новинарската професија. Министерот за образование Никола Тодоров забележува дека важна улога во меѓукултурниот дијалог има и соодветна едукација на новинарите:

Истражувањето промовирано на конференцијата „Образованието за новинари, професионалните вредности и културната разновидност“ во организација наУНЕСКО и Високата школа за новинарство и односи со јавноста

„Медиумите сами по себе се облик на интеркултурен дијалог, нивната улога е многу поголема од едноставно пренесување на информации, тие придонесуваат и за потикнување на комуникацијата меѓу поединците, заедниците и организациите.“

Министерката за култура Елизабета Канческа Милеска вели:
Слободниот печат може да биде добар и лош, но без слобода тогаш печатот може да биде само лош.


„Како резултат на изложеноста на поединците и општеството на медиумите се јавуваат значајни промени во постојните матрици и општествено политичките околности. Токму затоа квалитетното високо образование за новинарство и комуникации.“ кое својот пример ќе го наоѓа во најрелевантните институции од оваа област во Европа и пошироко, е наш стратегиски приоритет.“

На конференцијата се обрати и Зојка Наскова која го цитираше говорот на директорот на канцеларија на УНЕСКО во Венеција Енгел Бедрулос :

„Слободниот печат може да биде добар и лош, но без слобода тогаш печатот може да биде само лош. Веруваме во развој на медиуми и константно се обидуваме да сугерираме подобро користење на ресурсите како и да понудиме подобар тренинг на новинари. На крај, медиумите ја формираат дел од колективната меморија на секоја земја и имаат одговорност да чуваат важно документарно наследство“.

Инаку, во соработка со УНЕСКО, при Високата школа за новинарство и за односи со јавноста е основана Катедра за медиуми, дијалог и заемно разбирање.