Македонија извор, дестинација и транзитна земја на трговија со луѓе

Ова, во делот за Македонија, се наведува во најновиот годишен извештај на американскиот Стејт департмент за шверцот со луѓе во светот, во кој се оценува дека македонската влада ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата, но не и оние за заштита и згрижување на жртвите. Инаку, во извештајот се додава дека 23 земји во светот не ги исполнуваат потребните стандарди.
Македонија е извор, дестинација, и транзитна земја на мажи, жени и деца за проституција и за принудна работа. Македонски жени и деца се шверцуваат внатре во земјата, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот, во кој се додава дека странските жртви кои се предмет на присилна проституција или принудна работа во Македонија може да потекнуваат од Албанија, Бугарија, Србија и Косово.


Македонските жртви и жртвите кои транзитираат низ Македонија се подложени на принудна проституција или принудна работа во Јужна, Централна и Западна Европа. Децата, вклучувајќи ги етничките Роми, се подложени принудно да просат на улиците и на јавните пазари.

Сите жртви кои се идентификувани од владата минатата година, беа домашни државјани. Луѓето обвинети на трговија се првенствено сопственици на барови, ноќни клубови и мали хотели, како и таксисти.

Стејт департментот оценува дека владата на Македонија целосно ги исполнува минималните стандарди за елиминација на трговијата. Таа, како што се додава, направи значајни чекори за спроведување на законот за
Мерката за успех веќе не може да биде дали една земја има усвоено закони, затоа што многу од нив тоа го имаат направено во изминатава деценија. Сега ние треба да обезбедиме тие закони да се спроведуваат.
борба против трговијата со обвинување и кривично гонење на зголемен број луѓе за овој криминал. Владата отвори засолниште за домашни жртви на трговија во февруари 2011 година.

Сепак, македонската влада, според Стејт департментот, допрва треба да постигне сеопфатен пристап кон жртвите на трговијата со луѓе. Инаку, во извештајот на Стејт департментот земјите се категоризирани во неколку групи. Првата, во кои е и Македонија се оние што во целост ги исполнуваат критериумите. Во втората се оние земји чии влади не ги исполнуваат, но се трудат тоа да го сторат. Најлошо пласираните се во групата три.

Стејт департментот наведува дека 23 земји во светот не ги достигнале минималните стандарди за спречување на шверцот со луѓе. Тоа е за двапати повеќе од минатата година.


„За жал, поради лесниот транспорт и глобалната комуникација која може да достигне длабоко во селата со ветувања и слики на она што може да биде подобар живот, гледаме дека се експлоатираат повеќе луѓе отколку претходно. Станува збор за 27 милиони мажи, жени и деца“, изјави американската државна секретарка Хилари Клинтон, претставувајќи го извештајот.

Владите, како што додаде, направија значајни чекори, но за да се добијат резултати обврските треба да бидат проследени со постапки.

„Мерката за успех веќе не може да биде дали една земја има усвоено закони, затоа што многу од нив тоа го имаат направено во изминатава деценија. Сега ние треба да обезбедиме тие закони да се спроведуваат, а земјите да ги користат алатки кои се креирани за таа цел.“

Од друга страна, уште четириесетина земји се ставени на таканаречена листа на посматрање. Меѓу земјите кои се на црниот список се Куба, Иран, Мјанмар, Северна Кореја, Либија, Венецуела, Зимбабве, Саудиска Арабија, Либан и Јемен. Стејт департментот укажува и шест земји кои децата ги користат за војници, меѓу нив: Чад, Конго, Сомалија и Судан.