Охридските хотелиери очекуваат 110 илјади ноќевања само од холандските туристи, а годинава ќе ги има и од Финска, Русија, Полска и други земји.
Со топло време, раздвижена ривиера, гости на плажите, во чаршијата,
угостителските објекти, хотелите и културно историските споменици, каде се почесто се гледаат странски гости, почна летната туристичка
сезона во Охрид. Чартер летовите од Холандија, кои од први јули ќе ги има 4 неделно, во Охрид се очекува годинава да донесат околу 14 илјади гости со 110 илјади ноќевања, само преку закуп на охридските хотели од тур-операторот Корендон, што е дополнето со групи и од Бенелукс, Финска, Русија, Полска и други земји.
„Авионите се полнат, туристите доаѓаат, тие се оние екстра туристи, кои ги немавме минатата година, а нормално сите други договори се одржуваат од минатите години. Кружните тури низ Балканот, кои минуваат низ Охрид, со по две, три, четири ноќевања, ги имаме, ги имаме стандардните гости од Англија, Холандија, Германија, САД, како и гостите кои доаѓаат од нашите соседни земји“ вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ, долгогодишен хотелиер од Охрид.
Тој очекува оваа летна сезона во Охрид да биде подобра од ланската со над десет илјади странски гости. Задоволни се и угостителите, кои ги гледаат и ефектите од учество на странските саеми.
„Кој дошол во Охрид, а не го посетил Свети Наум, исто е како да не го видел и Охрид. Најголемиот резултат на посетеноста на туристите е токму посетата на Свети Наум, манастирот од 10-тиот век, кој се посетува со посебна програма, во која има ручек во ресторанот на островото и прошетка со кајче со крстарење по изворите на Црн Дрим, мајката на Охридското Езеро“, вели Благоја Ристевски, сопственик на ресторанот Острово во манастирскиот комплекс Свети Наум.
Таму туристите обично одат со бродски тури од Охрид и се воодушевени од прекрасната природа и духовност.
„Прекрасно е, многу ми се допаѓа тука. Градот Охрид е убав и многу е различен од другите летни центри во светот, ама многу интересни се и малите рибарски села на ривиерата. - Природата е прекрасна, се е зелено, многу пријатно делува на нас. Свети Наум и Трпејца не импресионираа. Цените се добри, луѓето пријателски расположени, целиот Балкан многу ни се допаѓа. Лани бевме и на албанската страна од езерото, но македонската е поубава. Ќе дојдеме и идната година, кога ќе посетите и други градови во Македонија“, велат туристи од Германија.
Тие се главно задоволни од охридската ривиера, но реагираат на лошите патишта кои ги носат до хотелите и туристичките локалитети.
И покрај економската криза и нискиот стандард на граѓаните, охридските туристички работници летово очекуваат и домашни гости, кои тука можат да се сместат од пет евра за кревет во приватните соби, до 55 евра во хотелските апартмани со понуда на цени за секаков џеб.

Авионите се полнат, туристите доаѓаат, тие се оние екстра туристи, кои ги немавме минатата година, а нормално сите други договори се одржуваат од минатите години. Кружните тури низ Балканот, кои минуваат низ Охрид, со по две, три, четири ноќевања, ги имаме, ги имаме стандардните гости од Англија, Холандија, Германија, САД, како и гостите кои доаѓаат од нашите соседни земји.
сезона во Охрид. Чартер летовите од Холандија, кои од први јули ќе ги има 4 неделно, во Охрид се очекува годинава да донесат околу 14 илјади гости со 110 илјади ноќевања, само преку закуп на охридските хотели од тур-операторот Корендон, што е дополнето со групи и од Бенелукс, Финска, Русија, Полска и други земји.
„Авионите се полнат, туристите доаѓаат, тие се оние екстра туристи, кои ги немавме минатата година, а нормално сите други договори се одржуваат од минатите години. Кружните тури низ Балканот, кои минуваат низ Охрид, со по две, три, четири ноќевања, ги имаме, ги имаме стандардните гости од Англија, Холандија, Германија, САД, како и гостите кои доаѓаат од нашите соседни земји“ вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ, долгогодишен хотелиер од Охрид.
Тој очекува оваа летна сезона во Охрид да биде подобра од ланската со над десет илјади странски гости. Задоволни се и угостителите, кои ги гледаат и ефектите од учество на странските саеми.
„Кој дошол во Охрид, а не го посетил Свети Наум, исто е како да не го видел и Охрид. Најголемиот резултат на посетеноста на туристите е токму посетата на Свети Наум, манастирот од 10-тиот век, кој се посетува со посебна програма, во која има ручек во ресторанот на островото и прошетка со кајче со крстарење по изворите на Црн Дрим, мајката на Охридското Езеро“, вели Благоја Ристевски, сопственик на ресторанот Острово во манастирскиот комплекс Свети Наум.
Таму туристите обично одат со бродски тури од Охрид и се воодушевени од прекрасната природа и духовност.
Градот Охрид е убав и многу е различен од другите летни центри во светот, ама многу интересни се и малите рибарски села на ривиерата. Природата е прекрасна, се е зелено, многу пријатно делува на нас. Свети Наум и Трпејца не импресионираа.