Младите без перспектива

Во недостаток на работа времето се пополнува по кафе барови и кладилници

Продолжено „детство“ и зависност од родителите, факултетска диплома без работа, беспарица, бадијалчење низ кафеаните - живот на младите во Македонија.
По речиси три неделни протести против полициска бруталност младите го свртеа вниманиетие на јавноста кон себе. Каков живот живеат младите во земјава, зошто до сега во општеството беа безгласна буква? За нивниот живот со родителите кој им нуди единствена сигурност со оглед на тоа што една третина од невработените во земјва се млади луѓе на возраст од 20 до 35 години.

Бесперспективност

Неженет 30 годишен маж, работи на црно, недоволно платен, малку мамурен од синоќешната забава го пие утринското кафе што мајка му го сервира со десерт од прашања „Каде заглави синоќа?“ „Колку испи?“ „Кога ќе се средиш, срамота вака небричен да одиш на работа!“. Погледнува во џебот и се радува на ситните пари што останале од синоќа, ќе има доволно за цигари и кафе со колегите на работа, а за ручек дома ќе јаде, мајка му сигурно нешто ќе зготви. На работа оди со надеж
Со протестите против полициската бруталност, младите го свртеа вниманието на јавноста кон себе

дека газдата во најдобар случај денеска ќе се смилува да даде плата колку за в кафеана каде со другарите ќе споделат идеи како да се изведе на прав пат државата. Или пак, во најмала рака ни шефот ни газдата нема да се појават на работа, па нема многу да работи. Од другата страна девојката ги расипува надежите со тоа што уште од изутрина почнува да го кара за неговиот живот во лер. Денот му почнува со идеата како да се побегне од земјава и со кого денеска да се пие кафе на кеј. Индиферентен за случувањата околу него, сонува, спас да најде во некоја западноевропска земја. Неделата изминува, се живее ден за ден.

Вака од прилика може да се опише стереотип на еден просечен млад човек во земјава. Дел од младите се незадоволи од работата што ја имаат затоа што влегува во сива економија, но голем дел и немаат никаква работа, а тоа го покажуваат и податоците од агенција за вработување според кои во Македонија има над 100 илјади невработени луѓе на возраст од 20 до 35 години.

Каде е вината?

Каде да се бара вината за ваквата состојба, во државата и институциите, во пазарот на трудот, во образованието, во менталитетот на народот или во младите?

Младата информатичарка Тамара Атанасоска е еден од позитивните примери во земјава со тоа работи на проект за интренет гигантот „Гоогле“ кој ќе и донесе доволно пари за една година. Атанасоска смета дека животот на младите во земјва е комплициран, од една страна колку што институциите и политичките партии влијаат негативно врз ентузијазмот на младите толку и самиот менталитет на народот е виновен за недоволните обиди да се промени лошата сосотојба.

„Во таква ситуација сме што мора да прекинеме да ги правиме грешките на нашите родители. Еве јас имам 21 година и 20 години само чекаат нешто да се случи и се жалат дека не им е добро, се жалат не невработеност, се жалат на образованието, на се што не опкружува, на црно белиот свет, за тоа што имаме само две партии за коишто можеме да се одлучите, но никој ништо не презема околу тоа.“

Таа вели дека младиот човек има две опции, или ќе ги повторува истите грешки на родителите и ќе наполни 45 години одејќи по истиот пат и да се жали дека е незадоволен или ќе почне да се бори за да стане економски и умствено независен.

Како да се избега?

Од друга страна пак младите по завршувањето на високото образование се чуствуваат како да пропаднале во дупка затоа што компаниите не сакат да ги вработат без претходно работно искуство, а од друга страна пак и не можат да најдат каде да го стекнат, а дипломата само по себе не ги прави подготвени за вработување.

„Ретки се оние кои што се особено талентирани па ги сака некоја компанија или пак оние кои можат во фирма на роднини или нешто слично, да просперираат. Исто така младите ги демотивира и тоа што сите завршуваат некаков факултет и неможат да работат во својата професија и сметаат дека ако не работат во својата професија, нема да работат било каква работа.“

Последното истражување на Младинскиот образовен форум покажува дека најголем проблем за младите е невработеноста и лошата економска ситуација. Според статистичките податоци просечна возраст за стапување во брак кај е младите е над 28 години за мажи и 25 за девојки.
Шегата „Ќе заградам тераса и ќе решам станбено прашање“ за дел од младите веќе станува реалност. Тие велат дека сега во општевото да се биде чесен, телентиран и вреден не е на цена, па така работните места однапред се ветени или по семеен пат или за политички подобните луѓе.

Најголем проблем, невработеноста

Младиот брачен пар Симона и Влатко Цветковски велат дека е тешко да се биде млад човек во земјава затоа што општетвото не нуди доволно услови за просперит на младите. Цветковски се невработени, од време навреме наоѓаат по некоја работа, но таа не им е доволна за да станат економски независни од родителите.

„Значи според нашата моментална финансиска состојба која не гледам дека нешто драстично би се променила, речиси невозможно е освен ако нешто не добиеме на лото.“

„Одвојувањето на страна значи дека повторно мораш да имаш место каде што можеш да живееш на страна бидејќи да почнеш да градиш не ќе можеш да градиш со плата.

„Како и да е мораш да имаш две плати и тоа не плата од 12 илјади денари, туку она што кажуваат дека е просечна плата значи 20 илјади денари за да можеш да почнеш нешто.“

Од друга страна велат дека ретко кој влегува во брак со веќе решено економско и станбено прашање.

„Јас мислам дека тоа не би било пречка за еден пар да стапи во брак или да не создаде фамилија бидејќи ако чекаме да ни се наредат сите коцки, некаде на 40 години би се земале.“

Атанасоска пак вели дека живеењето сосем сам без помош од родителите во стан под кирија за млади луѓе е речиси невозможна мисија ако немаш голема и редовна месечна плата. Таа вели дека минатата година за време на студиите направила еден „таков експеримет“ и неколку месеци живеела сама со парите од стипендијата и дополнителната работа.

„Имав така не многу, но доволно пари за да плаќам кирија за најмало станче и да се прехранувам во текот на месецот, но сакам да кажам дека е екстремно тешко, освен што се високи цените за кирија, скапа е и храната во супермаркетите, за два три дена минимум 1000 денари, па замислите колку треба за еден месец, а каде се сметките.“

Лошите економски услови причина за зависноста од родителите

Професор Сузана Симоносвка вели дека во општествово нема доволно економски услови за да можат младите да бидат целосно независни економски затоа што тие можат да работат што било за плата од 12 илјади денари со која тешко дека ќе може да плаќаат кирија.

„Дополнителниот проблем е и тоа што откако ќе завршат со студии кој може во оваа држава да им гарантира дека би добиле вработување и некаква пристојна плата, сето тоа прави да се продолжи социјалното детство односно врзаноста на детето со родителите, а како последица на тоа се одложува времето на склучување на брак, на создавање на семејство, на деца. Ако немате вие стан како ќе купите нов, како ќе го плаќате ако родителите на ве помагаат.“

Симоновска вели дека младите имаат проблем западно европските навики да ги применат во балкански услови.

Игор Стефановски до својата 26 година живеел со своите родители во Англија. Неодамна се врати во Македонија и живее и работи сам. Тој вели дека има голема разлика меѓу начинот на кој живеат младите таму и тука.

„Секој е дома, секој дури и на 30 години дели соба со брат или сестра што некако те фрустрира. Во Англија од она што го знам некои родители дури почнуваат и кирија да им наплаќаат на децата над 18 години затоа што на 18 години си веќе полнолетен и треба веќе да имаш одговорности, неможеш туку така само да седиш кај твоите да јадеш, да пиеш и да не плаќаш сметки.“

Стефановски почнал да работи уште на 14 години.

„Делев весници низ куќите, како на филмовите да речеме и на 14 години се научив дека таа пара што ќе ја заработам јас е различна од таа 1 фунта што ќе ми ја дадат моите неделно како џепарлак. Голема разлика е и тоа што децата се научени на домашни обврски, во Англија на пример јас морав да мијам садови во нашата куќа, мајка ми кога ќе се врати дома да биде сето тоа чисто.“

Додека неговите другари и врсници и денеска на 30 години чекаат мајката да им донесе вода додека гледаат телевизија.

„Кога се вратив и кога почнав да зборам со луѓето околу и да прашувам „Зошто немаш работа тука, зошто само седиш и се буниш дека ништо не е во ред?“ Во тоа време дневница беше 200-300 денари и нема да ја заборавам реченицата којашто ми ја кажа еден другар „Брат, не ми се исплати“. Навистина неможам да разберам зошто младите се некако или задоволни од нивното секојдневие коешто се сведува на кафе, на кладилница итн, а потоа ги гледам фрустрирани и неможат да излезат во град зошто ги потрошиле парите по кладилници, а не ги интересира сами нешто да направат. Па оди миј чаши во кафе бар, зошто да не.“

Коалицијата за младински органзицаии „Сега“ спроведува проекти кои треба да им го олеснат животот живото на младите и да се вклучат во општеството и креирањето политики. Директорот на организацијата Зоран Илиевски вели дека младите се убедени дека кога при вработување не се земаат нивните квалитети в предвид.

„Тие сметаат дека кога станува збор за вработување не се зема во предвид нивната квалификација, нивните знањеа и вештини, наспроти она што значи пријателски врски, политичка припадност итн. Тоа е првиот и основен проблем на секој млад човек во Македонија кога е ниво на тој развој со завршување на образованието.“

Илиевски додава дека нивното истражување покажува оти младите се апатични и незаинтересирани за креирање политики.

„Видовме дека 50% од младите своето слободно време го искористуваат пред компјутер или гледаат телевизија. Тоа дава до знаење дека тие немаат желба да се вклучат во некаква активност, но исто така се поставува прашањето дали доволно институциите или пак државата обезбедува можност за нивно активирање.“

Според последните истражувања на Младинскиот образовен форум се покажува дека секој четврти средношколец се гледа себе си како социјално исклучен човек. Тие се се скептични дека можат да решат или да направат некаква општетвена промена. Координаторот на проектот Сандра Анастасовска вели дека една од причините за тоа е недовербата во институциите и властите.

„На прашањето: „Дали мислат дека решавањето на општествени проблеми и подобрување на заедницата е нивна улога?“ 58% од средношколците одговориле дека тоа не е нивна работа тоа е работа на политичарите и на другите.“

Апатична младина

Во продожение следи разговор со антропологот Сузана Симоновска:

„Зошто е младината апатична? Според мое мислење поради тоа што ние е премногу комформистички воспитувана младина бидејќи филозофијата која што преовладува во секојдневието ни е „седи си на страна, биди си послушен, немој многу да кажуваш„ како соодветен начин на однесување на луѓето да климаат со глава кон сите оние што се над нив и претпоставени. И кога вие од мали нозе некого воспитувате да си молчи и да си трае и да го слуша надредениот поради тоа што ако станува збор за професор ако му се спротивстави тогаш ќе помине полошо, ако станува збор да ги искаже своите мислења во однос на некое случување или политика, ќе биде политизиран како припадник на друга партија, значи како очекувате во тој случај младината да ги искаже своите ставови. Од друга страна она што го слушам меѓу младите е прашањето „Што можеме да промениме ние?“, нормално дека неможат да променат ништо додека не пробаат да променат. Но, плаши чувството дека немаат потреба да преземат иницијатива во свои раце токму поради тоа што ние во целокупното општеството, како и институциите, придонесуваме кон тој став дека немаат за што да се борат.

Колку во институциите и политиките партии во основа го злоупотребуваат тој нивни пасивен став во општеството?

Тоа што може да се забележи во последно време е страшно исполитизирана младина. Барем јас како професор она што го забележувам меѓу студентите е страшна подвоеност според политички партии. Наместо студентите да се обединат за свои интереси, сето тоа е оставено на страна само за да не бидат етикетирани како припадници или симпатизери на одредени политички партии или пак она што е уште пострашно како симпатизери или припадници на политички партии слепо се штитат интересите на партиите наместо на преден план да се стават сопствените интереси, да се ангажираат и слободно да го искажат својот став.

Колку балканските навики и традиционалното живеење во семејството влијаее за продолжување на социјалното детство?

Ако се живее во по патријалхално семејство каде што родителите сеуште имаат желба да ги „врзат“ децата за себе може да има влијание да децата потешко се одвојуваат од родителите. Меѓутоа мислам дека тој тренд е некаде на половина. Повеќе мислам дека станува збор за западни вредности да ги примените во балкански услови. Ниту младите би сакале, па колку и родителите да инститираат да живеат со нив ако навистина имаат средства и можности да живеат со нив, ниту пак старите би сакале да живеат со млади. Јас си поаѓам од себе дека не би сакала да живеам со млади, но и сигурно не би ги избркала на улица доколку немаат услови каде да живеат.

И младите се жалат дека политиката е секогаш на мени на неделните семејни ручеци и за време на кафе муабетот со пријателите. Тамара Атанасоска вели дека е тешко млад човек да се одбрани од нападите и етикетирањата за политичка припадност затоа што ако не со едните или другите ти не си никој. Таа вели дека ако родителите се членови на некоја партија станува нормално да си ги тераат и убедуваат своите деца да ја прифатат таа опција и да станат политички активни.

„Мојот татко е член на една политичка партија и цел живот си работи за неа и смета дека ако не си црн, тогаш си бел и мора да припаѓаш во една од тие групи и да се сложуваш со сите ставови што ќе ги каже таа партија. Многу млади го прифаќаат тоа како факт, што не е вистина.“

Повеќе од четвртина од работната сила во државите ширум светот е подготвена да замине во странство за да најде подобра работа, покажува најновото истражување на една од најголемите компнаии за истражување на пазарот во светот ГФК. Во Македонија, 18% од активно вработените бараат нова, подобра работа. Според резултатите од анализата, најмногу на тоа се согласни работниците на возраст од 18 до 29 години, а помалку дипломираните и докторите на науки.