Младите кои протестираат против полициската бруталност ќе ги достават своите барања до Парламентот.
Преговорите за состав на новата влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се уште траат. Од партиските штабови во тајност се држат информациите дали претставник од партијата на Али Ахмети ќе добие важна државничка функција, како што се ветуваше во предизборието. Се типува на спикерското место. Работите би требало да бидат појасни во сабота за кога е закажана конститутивната седница на која ќе се верификуваат мандатите на новите членови на законодавниот дом.
Новиот собраниски состав освен што за прв пат ќе брои 123 пратеници и за прв пат ќе се соочи со протести на младите. Досега демонстрантите не добија одговор од надлежните институции за нивните барања. Еден од учесниците, Кирил Ефремовски, вели дека не се губи интензитетот на протестите против полициската бруталност и во сабота апелира што повеќе луѓе да ги поддржат, бидејќи нивните барања ќе ги упатат и до новиот парламентарен состав.
„Поединечно ќе бидат упатени нашите барања до сите пратеници меѓутоа и до Парламентот како институција која што треба во сабота да се формира. Мислам дека луѓето постепено се откажуваат или губат интерес поради тоа што веќе во континуитет изминативе денови сами се собираат пред платото на Мајка Тереза и не поддржуваат.“
Ефремовски додава дека од новите членови на законодавниот дом очекуваат да одговорат на нивните барања.
„Очекуваме да се произнесат по однос на нашите барања, освен одговори кои беа формални, конкретен одговор не добивме ние и понатаму инсистираме на реални одговори без политичка позадина или содржина.“
Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека пораката на младите,
парламентарците треба да ја сфатат како демократски акт и соочување со состојбите во општеството.
„Треба да го сфатат ниту како притисок, ниту како некаква закана, некаква опасност за остварување на улогата на парламентот или за функционирање на системот и баш е добро што еве првиот ден се соочуваат со младите со оние заради кои и треба да бидат најангажирани бидејќи тие се тие коишто се најпогодени со сите состојби кои се случуваат.“
Засега нема најава дали ќе има и контрапротести за политичка злоупотреба на протестите против полициската бруталност, кои се одржаа само еднаш, во понеделникот.
Поединечно ќе бидат упатени нашите барања до сите пратеници меѓутоа и до Парламентот како институција која што треба во сабота да се формира.
Новиот собраниски состав освен што за прв пат ќе брои 123 пратеници и за прв пат ќе се соочи со протести на младите. Досега демонстрантите не добија одговор од надлежните институции за нивните барања. Еден од учесниците, Кирил Ефремовски, вели дека не се губи интензитетот на протестите против полициската бруталност и во сабота апелира што повеќе луѓе да ги поддржат, бидејќи нивните барања ќе ги упатат и до новиот парламентарен состав.
„Поединечно ќе бидат упатени нашите барања до сите пратеници меѓутоа и до Парламентот како институција која што треба во сабота да се формира. Мислам дека луѓето постепено се откажуваат или губат интерес поради тоа што веќе во континуитет изминативе денови сами се собираат пред платото на Мајка Тереза и не поддржуваат.“
Ефремовски додава дека од новите членови на законодавниот дом очекуваат да одговорат на нивните барања.
„Очекуваме да се произнесат по однос на нашите барања, освен одговори кои беа формални, конкретен одговор не добивме ние и понатаму инсистираме на реални одговори без политичка позадина или содржина.“
Социологот Ѓорѓи Тоновски вели дека пораката на младите,
Очекуваме да се произнесат по однос на нашите барања, освен одговори кои беа формални, конкретен одговор не добивме ние и понатаму инсистираме на реални
одговори.