И по ММФ, непознато трошењето на кредитот

Шефот на мисијата на ММФ во земјава Вес Мекгру и министерот за финансии Зоран Ставрески.

Реализацијата е во согласност со кредитната линија, но e невозможно да се поврзе трошењето на кредитот со конкретните расходи, соопшти мисијата на ММФ.
Парите од кредитот на ММФ се искористени за финансирање на буџетот, но конкретно колку и за што, остана непознато и по надзорот на мисијата на фондот во земјава во изминатава недела. Предводникот на тимот на ММФ, Вес Мекгру вели дека не можат да кажат каде отишле парите, но
Невозможно е да се поврзе трошењето на парите од ММФ со некои конкретни расходи, затоа што обртот на пари кои се повлекуваат е голем. Според податоците во мај немаше зголемување на владините
расходи.
немало зголемување на трошоците на владата во првите пет месеци од
годинава.

„Невозможно е да се поврзе трошењето на парите од ММФ со некои конкретни расходи, затоа што обртот на пари кои се повлекуваат е голем. Според податоците, во мај немаше зголемување на владините расходи и во ММФ имаме индикативен таргет за буџетот и сметаме дека реализацијата е во согласност со кредитната линија за претпазливост.“

Потрошен е дел од кредитот кој изнесува 220 милиони евра, во зависност од потребите на буџетскиот дефицит, додава Мекгру.

Невозможно е да се поврзе трошењето на кредитот од ММФ со конкретни расходи.

„ММФ во голема мера ќе го финансира буџетскиот дефицит во текот на целата година од кредитната линија за претпазливост. Засега е потрошен мал дел, бидејќи дефицитот за првиот дел од годината е помал од целокупниот за годинава. Резервите во Народна банка се стабилни и поголем дел од парите на ММФ остануваат таму да обезбедуваат профит.“

Според министерот за финансии Зоран Ставрески, буџетот се реалзира во рамките на очекувањата и тој ќе остане во предвидените 2,5 проценти.
Таргетот што го имавме договорено со ММФ е остварен во услови кога капиталните расходи, односно трошоците за капиталните инвестиции во првите месеци од годината беа повисоки за речиси 50% отколку соодветните минатата
година.

„Таргетот што го имавме договорено со ММФ е остварен во услови кога капиталните расходи, односно трошоците за капиталните инвестиции во првите месеци од годината беа повисоки за речиси 50% отколку соодветните минатата година, што значи дека има едно соодветно остварување на капиталните расходи во првите пет месеци од годинава и ние ќе останеме на таа позиција.“

Ставрески најави и дека владата ќе издаде еврообврзница , но кога зависи од околностите на пазарот.

„Македонија, на редовна основа, како и другите земји, издава еврообврзници и таквото издавање на еврообврзницата е можно да се случи до крајот на оваа година, односно до текот на есента, со тоа што зависи од тоа дали условите на пазарот ќе бидат соодветни.“

Мекгру и Ставревски оценија дека економијата оди во нагорна линија и дека ќе има раст на БДП од 3 насто, а инфлацијата да биде до 3 проценти. Клучно ќе биде зголемувањето на извозот, проширувањето на домашниот пазар и инвестициите.