Живот на кредит

Без кредит денеска тешко се живее, ама со него уште потешко, велат граѓаните.

Задолженоста на македонските граѓани, но и на домашните компании расте. И покрај барањата, засега нема најави за намалување на банкарските камати.
Без кредит денеска тешко се живее, ама со него уште потешко, велат граѓаните. Според последните статистички податоци на Народна Банка, секое просечно домаќинство во земјава им должи по 2.225 евра на банките, односно граѓаните им должат на банките над милијарда евра. Задолженоста расте, граѓаните велат дека за да вратат еден кредит вадат нова кредитна картичка и се задолжуваат во друга банка. Тие бараат
Лажно се по девет, десет проценти, затоа што ако земете кредит нема враќање под 150 илјади денари, што значи дека практично каматата е над 50%, тоа е лихварска камата.

каматните стапки да се намалат за да можат колку толку да врзат крај со крај.

„Лажно се по девет, десет проценти, затоа што ако земете кредит нема враќање под 150 илјади денари, што значи дека практично каматата е над 50%, тоа е лихварска камата.“

„Па земаат друга картичка за да можат да вратат на другата картичка и кога ќе заглавиш уште повеќе и после во бескрај се оди со тоа.“

И сопстениците на фирмите не се во подобра состојба, и тие бараат поевтини кредити за да можат да го зголемат производството. Фирмите се приморани да користат кредити, но високите камати дополнително им го отежнуваат производството, вели Огнен Оровчанец сопственик на една компанија од полето на агробизнисот.

Гувернерот на НБРМ Димитар Богов

„Многу го оптеретуваат и производството и севкупните активности. Нашето производство е премногу скапо, како во Македонија така и за извоз, а тоа производство ако е обременето со високи камати не може да биде конкурентно надвор. Ние како држава мора да се залагаме за што поголемо производство и тоа е основата за севкупниот развој.“

Банките веќе подолго време бараат од Народната Банка да ги намали стапките на задолжителна резерва за да можат тие
Банките го бараа тоа чисто од лукративни причини, секако за задолжителната резерва тие добиваат 2% камата на денарската, а 0,1% на девизната. Доколку се ослободат тие средства тие ќе можат да ги пласираат во благајнички записи и да добиваат 4%
камата.
полесно да го кредитираат населението и фирмите. Гувернерот Димитар Богов не се согласува со нивното барање и смета дека во банките има доволно пари.

„Банките го бараа тоа чисто од лукративни причини, секако за задолжителната резерва тие добиваат 2% камата на денарската, а 0,1% на девизната. Доколку се ослободат тие средства тие ќе можат да ги пласираат во благајнички записи и да добиваат 4% камата.“

Тој, во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, вели дека во моментов банките имаат 300 милиони евра слободни средства.

„Кои што ги пласираат во благајнички записи и немаат никаква друга намена, значи ако банките имаат добри проекти за финансирање тие можат сега да ги финансираат со ликвидноста што ја имаат.“

Тој додава дека една од причините зошто повеќе не се намали каматната стапка за кредитите е поради тоа што банките плаќаат висока камата на депозитите па можеби и затоа ја држат каматната стапка на кредитите на повисоко ниво.