Дел од градоначалниците се жалат дека залудно им е доделувањето на градежното земјиште, кога атрактивните локации веќе се продадени од страна на власта.
Доделувањето на градежното земјиште на општините ќе придонесе кон фискалната децентализација, се согласуваат градоначалниците, но дел од општините забележуваат дека централната власт веќе ги продала
атрактивните локации.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, вели дека со новиот Закон за градежно земјиште не очекува загревање на фискалниот капацитет на општината.
„Овие четири години се случуваа некои работи каде најатрактивниот дел во државата, во градовите, во урбаниот опфат, беа продадени изминатиот период по процедура која си ја водеше владата, односно Министерството за транспорт и врски. Така што сега правејќи реална анализа за Куманово, јас во сегашниот градежен опфат додека не го проширам градежниот отпад, додека не добијам нови зони за инвестирање, немам атрактивно земјиште и не се надевам на некое финансиско закрепнување бидејќи реално и не постои. Има некои помали дооформувања што сигурно реално нема многу да го зајакнат фискалниот капацитет.“
Општините не можат да се финансираат единствено од приходите од градежното земјиште, вели Дамјановски:
„Значи фискалниот капацитет неможе да се зголеми исклучиво преку продажба на земјиште, бидејќи тоа е многу мала ставка. Дефинитивно државата мора да размислува како во развиените земји да фискалниот капацитет, зајакнувањето и осамостојувањето на локалната самоуправа односно децентрализацијата треба да се случува преку зголемување на дотации од даночните зафати.“
Градоначалникот на Гостивар, Руфи Османи, забележува дека следен битен приоритет во процесот на децентрализација е обезбедување на повеќе пари од даноците за општините:
„Она што е најбитно за општините е дека ќе мора да се зголеми процентот на јавните пари кои ќе се доделуваат за менаџирање на општините од 6,1% што е актуелно во Македонија на 10 до 15% што е некоја средна вредност во ЕУ.“
Градоначалникот на општина Кичево Благоја Деспотоски вели дека општините ќе почувствуваат придобивки од можноста да располагаат со градежното земјиште, што до сега беше под закрила на државата:
„Се допринесува за нивно осамостојување и нивна можност за планирање наидните активности, за стопански развој на општината и исто така за развој на сите оние градежни работи што се важни за општините.“
Овие четири години се случуваа некои работи каде најатрактивниот дел во државата, во градовите, во урбаниот опфат, беа продадени изминатиот период по процедура која си ја водеше владата, односно Министерството за транспорт и врски.
атрактивните локации.
Градоначалникот на општина Куманово, Зоран Дамјановски, вели дека со новиот Закон за градежно земјиште не очекува загревање на фискалниот капацитет на општината.
„Овие четири години се случуваа некои работи каде најатрактивниот дел во државата, во градовите, во урбаниот опфат, беа продадени изминатиот период по процедура која си ја водеше владата, односно Министерството за транспорт и врски. Така што сега правејќи реална анализа за Куманово, јас во сегашниот градежен опфат додека не го проширам градежниот отпад, додека не добијам нови зони за инвестирање, немам атрактивно земјиште и не се надевам на некое финансиско закрепнување бидејќи реално и не постои. Има некои помали дооформувања што сигурно реално нема многу да го зајакнат фискалниот капацитет.“
Општините не можат да се финансираат единствено од приходите од градежното земјиште, вели Дамјановски:
„Значи фискалниот капацитет неможе да се зголеми исклучиво преку продажба на земјиште, бидејќи тоа е многу мала ставка. Дефинитивно државата мора да размислува како во развиените земји да фискалниот капацитет, зајакнувањето и осамостојувањето на локалната самоуправа односно децентрализацијата треба да се случува преку зголемување на дотации од даночните зафати.“
Она што е најбитно за општините е дека ќе мора да се зголеми процентот на јавните пари кои ќе се доделуваат за менаџирање на општините од 6,1% што е актуелно во Македонија на 10 до 15% што е некоја средна вредност во ЕУ.