Разумно со буџетскиот вишок

Еден од предложените ребаланси на Буџетот од 2010 година

Ако веќе има вишок пари во буџетот, како што тврди власта, тогаш тој треба правилно да се искористи, апелираат експертите и бизнисмените.
По изјавата на вицепремиерот Зоран Ставрески дека буџетот се полни над очекувањата и дека нема потреба од негов ребаланс, македонската јавност со став дека вишокот пари треба правилно да биде распореден. Домашните бизнисмени велат дека не им веруваат на популистичките изјави на политичарите и апелираат дека за нив е најважно економското заздравување на државата.
Секогаш сме задоволни кога се предвидуваат поголеми пари за инфраструктура за подборување на условите на стопанството, а ако гледаме според потрошувачката тогаш гледаме дека главниот проблем во оваа држава е невработеноста и мислам дека ако веќе претрпуваат некои буџетски промени треба да се направат некои поголеми зафаќања за ставката
вработување.

Македонскиот стопанственик Зоре Темелковски укажува дека за него се најважни резултатите кои се остваруваат.

„Ако има дисциплина, а ако веќе има таква наплата јас верувам дека буџетот се остварува со таа динамика која што ја предлага министерот. Како стопанственици, никош немам предрасуди дека некој може да ме лаже бидејќи тоа е краткорочно.“

Темелковски сугерира дека евентуалниот вишок пари од буџетот треба да се распредели за оние ставки кои се однесуваат на социлајниот дел и инфраструктурата.

„Секогаш сме задоволни кога се предвидуваат поголеми пари за инфраструктура за подборување на условите на стопанството, а ако гледаме според потрошувачката, тогаш гледаме дека главниот проблем во оваа држава е невработеноста и мислам дека ако веќе претрпуваат некои буџетски промени треба да се направат некои поголеми зафаќања за ставката вработување.“

Колку е веродостојна изјавата на Ставрески дека во буџетот има вишок пари?

Дали за економските експерти е логична и веродостојна изјавата на вицепремиерот?

„Мислам, немам друг доказ, дека не е така, ако тој кажува дека е така, а тој е надлежен и го гледа буџетот по десет пати на ден“, вели унизверизтетскиот професор Ванчо Узунов и додава:

„Мене тоа и не ме зачудува многу, дека имаше трошоци, имаше, меѓутоа многу пари се позајмија, така што овие пари што се од ММФ веројатно останало некој дел што се вишок и сега тоа го поставува прашањето зошто
Мислам немам друг доказ, дека не е така, ако тој кажува дека е така, а тој е надлежен и го гледа буџетот по десет пати на ден.
е тој вишок и како е направен и треба да се види како да не се прави таа грешка во иднина.“

И Узунов укажува дека вишокот треба да се распредели на капитални, а не на тековни трошоци.

„Секогаш на инвестиции, во инфраструктурни објекти, образование, здравство, тие работи, а не на тековни трошоци.“

Од Министерството за финансии ја повторуваат изјавата на Ставрески дека засега нема да има ребаланс на буџетот. Неговата изјава дека ако има ребаланс, тој ќе се направи за реаспределување на вишокот средства, била хипотетичка, соопштуваат од ресорното министерство.