Отворен театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“

Единаесет претстави во официјална и седум во придружна програма се на репертоарот на 46-то издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.
Според уметничкиот директор Петар Темелкоски, љубителите и почитувачи на Талија годинава имаат можност да уживаат во дел од богатата продукција на македонските театри.
Оваа награда ја чувствувам како признание за еден минат труд, што го градевме 45 години. Многу сум горд во овој момент што се викам Трајче Иваноски, бидејќи јас сум дел од камен-темелникот на театарот Војдан Чернодрински.

,,Радосен сум што можам да кажам дека во овие години откако го следам целиот опус, на творештвото на нашите театри, на нивната продукција, секоја година театарот оди по нагорна линија и репертоарски и во смисла на квалитет. А и продукцијата е доста обемна.“

„Хамлет“ и „Геноцид-21“ на Драмски театар, „Антица“, на прилепскиот, „Обична приказна“, на битолскиот, „Нора Ибзен“, на велешкиот театар, „Арапска ноќ“, на турскиот, „Оркестар“, на албанскиот, „Спиноза“, на битолскиот Мал драмски театар, „Силвија“, на кумановскиот, „Бесови“, на Македонски народен театар и „Вистинскиот Минхаузен“, на струмичкиот театар, се проектите во официјална конкуренција за чија изведба, актерска игра и други естетски елементи во претставите ќе одлучува стручна комисија во состав: Лилјана Мазова, Петар Мирчески и Веби Керими.

Трајче Ивановски, еден од лауреатите на наградата за животно дело

А, годинешни лауреати на наградите за животно дело се режисерот Коле Ангеловски, и прилепските актери Благоја Спиркоски и Трајче Иваноски.

„Оваа награда ја чувствувам како признание за еден минат труд, што го градевме 45 години. Многу сум горд во овој момент што се викам Трајче Иваноски, бидејќи јас сум дел од камен-темелникот на театарот Војдан Чернодрински, кој што во последниве години е на врвот на театрите во Македонија и надвор од неа“, вели Иваноски.

Ова издание на МТФ се одржува во година кога се навршуваат 6 децении од упокојувањето на Војдан Чернодрински. Токму затоа фестивалот е посветен во спомен и чест на патронот.

„Симпозиум за творештвото на Чернодрински, промоција на три драмски текста од конкурсот на МНТ, изложби, во таа чест е проектиран филмот „Македонска крвава свадба“ и сите содржини годинава му ги посветуваме на споменот на 60 години од упокојувањето на Војдан Чернодрински. Мислам дека тоа е доблесно и дека е наш долг и љубов и благородна задача е да го исполниме“, истакнува уметничкиот директор Темелкоски.

Фестивалското случување завршува во четврток кога во чест на на наградените ансамблот на МНТ ќе ја изведе претставата „Ромео и Јулија“.