Се уште се утврдуваат последиците од причинетата штета од силното неврме што го зафати поширокиот кумановски регион.
Кумановци се шокирани од силното невреме кое го зафати поширокиот кумановски регион. Последиците од причинетата штета сеуште се утврдуваат. Занаетчиските и трговските дуќани на приземје и подрумските простории се поплавени, велат сопствениците. Граѓаните раскажуваат и дека од електричните празнења им биле оштетени технички апарати за домаќинството.
„Дуќаните се полни со вода. Само да видите“, велат дуќанџиите чии што објекти, машини и
репроматеријали главно не се осигурени.
„Поплавени се конци, материјали на муштериите, машините на кои моторите им се оштетени, кал, не знаеме колкава е штетата. Немаме ништо осигурано“, вели кројачката Слаѓана Пешиќ од станбено-деловниот комплекс Серава во центарот на Куманово.
„Треба општина се да организира. Триесет сантиметри е вода. Шахтите не се добро направени, а и затворени се, бидејќи водата бега надолу, а нема решетки.“
„Чистевме до 2 часот по полноќ и од 6 часот пак почнавме да чистиме.“
„Паднав во шахта бегајќи од вода. Муштериките кои беа во дуќанот се исплашија и ја отворија вратата,
па водата навлезе внатре“, раскажуваат кумановци.
„Има многу штета околу 600 евра. Не бев тука, дојдов подоцна, во дуќанот веќе имаше многу вода. Машини и репроматеријали се поплавени. Материјалот не може да се употребува“, вели чевларот Хамди Ајрула.
Во Центарот за управување со кризи во Куманово информираат дека невремето проследено со силен ветер, дожд и град со големина на орев ги зафатило кумановскиот, старо-нагоричкиот и липковскиот крај.
Приземните и подрумските простории се поплавени до 30 сантиметри висина, а екипите за извлекување на водата не можат да постигнат со интервенција на сите повици. Од Центарот велат дека има и одрони на патиштата, на чие расчистување работат екипите на ЈП „Македонија - пат“. Едно моторно возило „џип“ било превртено на патот за излез од Куманово кон селото Романовце, поради што сообраќајот бил блокиран. Од Центарот за управување со кризи велат и дека штета од невремето претрпеле и на земјоделските култури, а износот допрва ќе се утврдува.
Во локалната самоуправа Старо Нагоричане, според градоначалникот Миодраг Јовановиќ, Комисијата за проценка на штетите е на терен.
„Во овој дел нема електрична струја и вода, има и големи оштетувања на локалните патишта и земјоделските култури“, изјави Јовановиќ.
Дуќаните се полни со вода. Само
да видите.
„Дуќаните се полни со вода. Само да видите“, велат дуќанџиите чии што објекти, машини и
репроматеријали главно не се осигурени.
„Поплавени се конци, материјали на муштериите, машините на кои моторите им се оштетени, кал, не знаеме колкава е штетата. Немаме ништо осигурано“, вели кројачката Слаѓана Пешиќ од станбено-деловниот комплекс Серава во центарот на Куманово.
„Треба општина се да организира. Триесет сантиметри е вода. Шахтите не се добро направени, а и затворени се, бидејќи водата бега надолу, а нема решетки.“
„Чистевме до 2 часот по полноќ и од 6 часот пак почнавме да чистиме.“
„Паднав во шахта бегајќи од вода. Муштериките кои беа во дуќанот се исплашија и ја отворија вратата,
Треба општина се да организира. Триесет сантиметри е вода. Шахтите не се добро направени, а и затворени се, бидејќи водата бега надолу, а нема
решетки.