Фармерите здружено во решавање на проблемите

Средба на фармери во Куманово

Околу 200 фармери од Куманово се дел од Федерацијата на фармери на Македонија. Велат дека здружувањето е подобро за решавање на проблемите.
Здружението на фармерите од Куманово со околу 200 членови, е дел од Федерацијата на фармерите во Македонија. Со воведување на новините во Федерацијата можат да членуваат и индивидуални земјоделци.
Според Александар Стојановски, претседател на кумановските фармери, со стручно изготвени проекти обезбедиле двегодишнио финансирање
Во Куманово секогаш доцнат субвенциите. Тие се мала инфузија и со нив се задоволуваат критичните потреби. Таа субвенција ќе дојде кога цените се повисоки, со што земјоделците не можат лесно да ги покријат минималните трошоци.
на Федерацијата, како и организирање обуки за земјоделците во сите гранки од оваа дејност. Стојановски додава дека и кумановските фармери се во иста состојба со останатите во државава, но добро е што:

„Куманово има 50-60 тони производство на млеко дневно кое целосно се откупува.“

Не е добро тоа што:

„Цените се мали и не ги покриваат трошоците. Житните култури не се соочуваат со проблем за пласман. Цената е мала кога се собира житото, а потоа е повисока. За сега цената генерално е добра.“

Куманово порано повеќе произведувало разни производи,сега е преориентирано на житни и градинарски култури и сточарството.

РСЕ: Задоволни ли се земјоделците од субвенциите?

Александар Стојановски, претседател на кумановските фармери

„Во Куманово секогаш доцнат субвенциите. Тие се мала инфузија и со нив се задоволуваат критичните потреби. Таа субвенција ќе дојде кога цените се повисоки, со што земјоделците не можат лесно да ги покријат минималните трошоци.“

Стојановски додава дека во Кумановско се незначителни необработените површини.

Аника Нигор од шведската федерација на фармери, која во Куманово се сретна со македонските фармери вели дека:
За мене како земјоделец е важно да се сретнам со земјоделците од Македонија. Она што ни е заедничко е производството на храна во светот, а ние треба да соработуваме за да се справиме со тие предизвици.

„За мене како земјоделец е важно да се сретнам со земјоделците од Македонија. Она што ни е заедничко е производството на храна во светот, а ние треба да соработуваме за да се справиме со тие предизвици.“

Таа објаснува дека состојбата во земјоделието е слична насекаде во светот. И во Шведска производителите на свинско месо имаат проблем кога треба да го продадат. Земјоделците секогаш се чувствителни за наплатата и цената на производството, имаат и производни трошоци и сакаат да добијат добра цена.

„Ние во Шведска сме многу напред во поглед на технологијата на производството.“

Во Шведска, според Нигор има помал број земјоделци, затоа пак тие се окрупнети.

Андрија Секуловски, претседател на Федерацијата на македонските фармери, вели дека здружувањето овозможува многу поволности.

РСЕ: Каде е нашиот земјоделец?

„И јас сум земјоделец. И ние се соочуваме со истите проблеми како и другите граѓани, а посебна одговорност е што ние произведуваме храна која треба да е стандардизирана и да задоволи одредени пазарни побарувања. Федерацијата може да ги едуцира и да ги информира фармерите за се што е неопходно.“

Фармерот Стевче Андонов од селото Мустафино, светиниколско се занимава со овоштарство и градинарство:

„За сега сме задоволни,а може да биде и подобро во иднина. Најповеќе сум член заради едукација и информирање,а и запознав многу луѓе со кои разменуваме мислења“, вели овој млад фармер.

Македонските фармери имаат и свое списание „Моја земја“, со едукативна содржина.