Селективна правда

Постојат нејаснотии за финансирањето на предизборната кампања и кај останатите партии, но само еден политичар заврши со лисици на рацете.
Неколку партии потрошиле повеќе пари одошто имале, а само еден политичар заврши со лисици на рацете. Според упатените, финансирањето на политичките партии, посебно во предизборието не е транспарентно, а апсењето на Љубе Бошкоски покажува селективна
Партиите поднесуваат извештаи, меѓутоа не наидуваме на соработка, ниту од институциите на системот исто така ги немаме добиено потребните
одговори.

примена на правда.

Ана Јаневска од Транспарентност Македонија, организација која има проект за следење на финансирањето на политичките партии, вели дека до сега не добиле валидни извештаи од партиите:

„Воопшто партиите поднесуваат извештаи, меѓутоа не наидуваме на соработка, ниту од институциите на системот исто така ги немаме добиено потребните одговори за тоа дали партиите во Македонија се транспарентни односно дали ги испраќаат тие извештаи до институциите за да едноставно некој направи ревизија.“

Љубе Бошковски заврши во притвор. Што е со останатите партии?

Казната е 5.000 евра, глоба која според Јаневска, веројатно до сега никој не ја платил:

„Како што знаете во Македонија до сега не сме сретнале некоја политичка партија да биде казнета.“

Според стандардната процедура, партиите се должни да ги пријават приходите и расходите петнаесет дена по завршување на изборите. Надлежните институции, имено Ревизиската комисија, Државната
Со таквото рушење на правните принципи и на правото се пушта порака дека правото и воопшто не треба да се почитува и таа порака е многу лоша бидејќи граѓаните во тој случај ќе почувствуваат дека нема потреба да го почитуваат правото.
изборна комисија и јавниот обвинител треба да превземат мерки доколку се утврдат неправилности. Сепак, се чини дека процедурата не важи за една од опозициските партии чиј лидер беше уапсен поради нелегално финансирање на кампањата и се наоѓа во притвор. Случајот со Љубе Бошкоски покажува селективна примена на правда вели експертот за човекови права Мирјана Најчевска:

„Имено во моментот не постои можност да се утврди која партија колку и на кој начин ги употребила, односно злоупотребила финансиските средства бидејќи крајниот рок е 15 дена од денот на завршување на изборите и крајниот збор треба и може да го каже само Ревизија.“

Партиите се должни да ги пријават приходите и расходите петнаесет дена по завршување на изборите

Ваквата постапка испраќа погрешна порака до јавноста, вели Најчевска

„Прво ова претставува уште еден удар на правото и на правната држава. Со таквото рушење на правните принципи и на правото се пушта порака дека правото и воопшто не треба да се почитува и таа порака е многу лоша бидејќи граѓаните во тој случај ќе почувствуваат дека нема потреба да го почитуваат правото.“
Во Македонија до сега не сме сретнале некоја политичка партија да биде казнета.

ВМРО-ДПМНЕ пријавила дека 400 донатори кои дале по илјада евра за кампањата, но потрошиле 2,7 милиони евра, имено шест пати повеќе; СДСМ има тројца донатори и уште еден дел од кредит - во вториот дел од кампањата опозиционерите пријавиле 220 илјади евра, а потрошиле 75 илјади; ДУИ трошеле околу 2 илјади евра повеќе; ДПА потрошила 28 илјади евра, а собрале само илјада евра од донации, јавија медиумите, повикувајки се на извештаите од партиите.