Бошкоски во притвор

Љубе Бошкоски доби триесетдневен притвор

Нелегалното финансирање на изборните кампањи треба да биде предмет на истрага, но селективна примена на првото никому не користи, велат експертите.
Притвор од триесет дена доби лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски по распитот кај истражниот судија во Основниот суд 1 во Скопје. Бошкоски е осомничен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената должност. За време на претресот при неговото апсење беа пронајдени 100 илјади евра и
Врз основа на судска наредба изминативе неколку месеци беа применети посебни истражни мерки токму поради основано сомнение и индиции дека истиот ја злоупотребува службената положба и незаконски ја финансира кампањата.

пиштол. Потпаролот на МВР, Иво Котевски вели дека министерството го следело и прислушкувало Бошкоски во изминативе два месеца.

„Врз основа на судска наредба изминативе неколку месеци беа применети посебни истражни мерки токму поради основано сомнение и индиции дека истиот ја злоупотребува службената положба и незаконски ја финансира кампањата. Така што освен овој случај Министерството за внатрешни работи досега документираше уште два други случаи.“

Љубе Бошкоски

Претседателот на Транспарентност нулта корупција, Слаѓана Тасева вели дека во земјава никогаш не било доволно јасно како се финансираат политичките кампањи, иако анализите покажуваат дека партиите трошат повеќе пари отколку што тоа го покажуваат сметките за таа намена. Досега немало случај да се докаже дека некоја кампања била финансирана од нелегални извори, иако има начини, вели таа.

„Има институции кои што се надлежни да ги следат овие работи. Каде се печатени билбордите, колку пари се потрошени, како се плаќаат, дали даваат фирмите законски или незаконски? Многу потешко се следи кога вака се влегува со пари во готово кои се даваат на рака и тука има
Дали имаме ние поширока примена на оваа мерка кон сите учесници во изборниот процес или тоа се прави само кон еден кој беше најсилен критичар на власта.
сериозен проблем да се дознае од каде доаѓаат тие пари и како, и како се стекнати.“

Тасева додава дека останува отворено прашањето ако Антикорупциска констатираше дека партиите трошеле повеќе од приливот на сметките, дали вакви мерки се применети кон сите партии.

„Дали имаме ние поширока примена на оваа мерка кон сите учесници во изборниот процес или тоа се прави само кон еден кој беше најсилен критичар на власта. Затоа велам дека ние апсолутно сме за владеење на правото и за почитување на законите на оваа држава, но селективната примена на правото на никому не му користи.“

По одредувањето на притворот, Бошкоски беше префрлен во истражниот затвор во Шутка.