Вмро дпмне - ние сме најдобри - не му верувајте на Бранко
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој ја предводи Коалицијата „За подобра Македонија“ на кавадарчани им порача да излезат на гласање на 5 јуни и да и дадат поддршка на нивната опција.
„Нашиот манифест за реформи и развој се состои од реализирани проекти, проекти кои се во фаза на реализација, како и проекти кои допрва треба да се реализираат. Ние сме сериозна партија која стои зад граѓаните, ветува и реализира, така ќе биде и во наредните четири години доколку ја добиеме вашата доверба“,
изјави Груевски и додаде дека партијата го исполнила и тоа што не го ветила, како што е зголемувањето на пензиите.
Во своето обраќање, тој истакна дека кавадарчани не треба да им веруваат на политичките „шарлатани“ кои им ја нудат својата опција во ликот на Љубе Бошкоски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов.
„СДСМ во ликот на Бранко Црвенковски и Радмила Шеќеринска која го следи цели 19 години, нудат спас за земјоделците. Како ќе го направат тоа кога тие никогаш и не се интересирале за нив, а нас постојано не обвинуваа дека сме земјоделско селанска влада бидејќи многу пари сме и давале на земјоделците. порача Груевски.
СДСМ - тие ве мамат а ние ќе ви помогнеме
Коалицијата предводена од СДСМ пак, одржа митинг на плоштадот во Велес. Кандидатот за премиер од СДСМ и носител на листа во ИЕ1 Радмила Шекеринска во обраќањето пред присутните рече дека новата влада на СДСМ, 994 милиони евра од европски фондови ќе и ги даде на македонската економија и македонските граѓани.
„Новата Влада на СДСМ ќе почне најважната борба против сиромаштијата во Македонија. Нашата Влада во првите 100 дена на власт ќе донесе закон за заштита на стечајците и платата на работникот да не биде помала од девет илјади денари. Ќе ги привлечеме вистинските странски инвеститори, а не само оние кои сакаат да се сликаат, а воедно иста таква шанса ќе им дадеме и на македонските инвеститори. За тие што беа избркани од работа и останаа без плата и пензија ќе донесеме закон со кој секој материјално необезбеден македонски граѓанин со над 65 години старост ќе зема државна пензија“,
истакна Шекеринска.
Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во своето обраќање ја обвини власта за градење на музеи и споменици, тениски игралишта и плажи. Тој констатира дека СДСМ во времето на своето владеење ги изградила сите автопати во Македонија, единствениот енергетски објект Хидроелектраната Козјак, гасоводот кој е готов во Струмица и Куманово каде градоначалници се од СДСМ.
Носителот на листа во ИЕ3 Стевче Јакимовски вети дека ако дојде на власт ќе ги згрижи сите работници со над 15 години стаж, а воедно за 40 отсто ќе ја зголеми социјалната помош.
ДУИ - Македонија во НАТО за да нема граници
Демократската унија за интеграција одржа митинг во велешкото село Бузалково на кој лидерот на партијата Али Ахмети порача дека Македонија сакаат да ја направат место во кое младите ќе можат да ги вкусат убавините на животот.
- Тоа се постигнува со работа и со економски развој и затоа бараме мандат од Вас, им порача Ахмети на бузалчани.
На Албанците во Македонија, посочи, најголемо оружје им е Универзитетот, зборуваат насекаде на мајчиниот јазик и влијаат на носењето на законите зошто Рамковниот договор наложи секој трет закон да се носи со Бадентерово мнозинство.
„Не ни треба дводомен парламент бидејќи Бадентер е најсилниот механизам. Со Охридскиот договор се изборивме да бидеме рамноправни, а тоа им го овозможивме и на Ромите, Власите и Турците од кои сега можам да го побарам гласот со миран совест“, „Не ни треба дводомен парламент бидејќи Бадентер е најсилниот механизам. Со Охридскиот договор се изборивме да бидеме рамноправни, а тоа им го овозможивме и на Ромите, Власите и Турците од кои сега можам да го побарам гласот со миран совест“,
рече Ахмети.
Сакаме Македонија што побргу да ја внесеме во НАТО и ЕУ за да нема граници и луѓето да не чекаат по граничните премини за да ги посетат своите роднини, порача Ахмети.
ДПА - Време е за реформи и нова држава
Под мотото „Дојдете со нас“ Демократската партија на Албанците вечерва на предизборен митинг во скопската населба Бутел ги повика граѓаните на 5 јуни да го казнат владењето на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.
„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ мора да си замине на 5 јуни. Крајно време е да престанат сите понижувања и уцени кои им се правеа на Албаниците во Македонија во изминатите години. Време е за реформи и градење на нова држава со економски развој и влез во евроатлантските структури. Гласајте за правата на Албанците. Ние ќе го спасиме народот од сиромаштија, од уцени и закани, она што секојдневно го прави ДУИ. Нема повеќе да дозволиме некој да си игра со нас“,
им порача на присутните, лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Тој истакна дека ДУИ вооошто не гледа што се случува на теренот бидејќи, како што рече, таа ја има улогата на вазал во Владата. Нема повеќе да трпиме вакво омаловажување, потенцира Тачи, кое почнува од распределбата на буџетот, се градат цркви и споменици во места населени со Албанци.- На сето ова ќе ставиме крај. Во нашата платформа нудиме реформа на сите институции, дводомен парламент, додаде Тачи.