Над 1300 кандидати за пратеници се на проверка во Комисијата за лустрација, дали соработувале со тајните служби. Но, процесот се одива бавно.
Кој од избраните кандидати за пратеници по изборите ќе седнат во собраниската фотеља треба да каже Комисијата за лустрација. Над 1300 кандидати треба да добијат потврда дека не соработувале со тајните служби, а потоа, по изборите дел од нив ќе може да бидат пратеници. Но, на само 10-тина дека од изборите не е лустриран ниту еден од
кандидатите што се бори за место во Парламентот. Претседателот на
комисијата Томе Аџиев вели дека својата работа како комисија ја завршиле, документите ги испратиле до надлежните органи и чекаат резултати. Според неговите сознанија само една од институциите ја завршиле проверката. Аџиев се надева дека до 5 јуни има шанса да се заврши процесот со лустрација на канидатите за пратеници.
„Се надевам така ќе биде, но и да не биде, ништо страшно, ќе се направи после тоа. Оној кандидат кој ќе добие од кај нас дека не се согласуваат податоците со неговата изјава тој ќе си даде оставка или ќе биде разрешен. Не е ништо страшно дали ќе биде денеска или утре.“
Доколку за некој кандидат се утврди дека соработувал со тајните служби, тој ќе биде исфрлен од изборниот процес.
Професор Звонимир Јанкуловски вели дека доколку процесот за лустрација на пратеничките кандидати не заврши до изборите се губи смислата на лустрацијата.
„Откако ќе завршат изборите всушност не е исклучена можноста гласачите да видат дали одредени политички партии во своите редови имаат луѓе кои соработувале или биле дел од мрежата на тајните служби.“
Од донесувањето на законот за лустрација од сега Комисијата откри три случаи односно за три лица тврди дека биле соработници на тајните служби. Двајца од нив се функционери во заминување, а едниот веќе пензиониран. Дел од медиумите повикувајќи се на анонимни извори во комисијата објавија дека претседателот на комисијата тенденциозно и самоволно ги прескокнува актуелните функционери. Аџиев негира дека приоритет имаат пензионирани функционери во процесот на лустрација наместо актуелните фунционери и кандидати за пратеници.
„Тоа се луѓе кои што се против лустрацијата и постојано измислуваат некои работи. Како може јас да прескокнувам некого, не е моја Комисијата, таму има 11 членови, јас сум само еден член кој во моментот ја води Комисијата и ништо друго.“
Причина за бавното одвивање на процесот е големиот број на предмети кои треба да се разгледаат и како комисијата открива докази така и ги објавува, вели Аџиев. Околу 7.000 поранешни функционери до сега доставиле изјави до комисијата за лустрација дека не биле соработници на тајните служби. Тоа е премала бројка во споредба со неофицијалните податоци од над 200 илјади луѓе подлежат на лустрација како носители на функции во изминативе 67 години.
Оној кандидат кој ќе добие од кај нас дека не се согласуваат податоците со неговата изјава тој ќе си даде оставка или ќе биде разрешен. Не е ништо страшно дали ќе биде денеска или утре.
комисијата Томе Аџиев вели дека својата работа како комисија ја завршиле, документите ги испратиле до надлежните органи и чекаат резултати. Според неговите сознанија само една од институциите ја завршиле проверката. Аџиев се надева дека до 5 јуни има шанса да се заврши процесот со лустрација на канидатите за пратеници.
„Се надевам така ќе биде, но и да не биде, ништо страшно, ќе се направи после тоа. Оној кандидат кој ќе добие од кај нас дека не се согласуваат податоците со неговата изјава тој ќе си даде оставка или ќе биде разрешен. Не е ништо страшно дали ќе биде денеска или утре.“
Доколку за некој кандидат се утврди дека соработувал со тајните служби, тој ќе биде исфрлен од изборниот процес.
Професор Звонимир Јанкуловски вели дека доколку процесот за лустрација на пратеничките кандидати не заврши до изборите се губи смислата на лустрацијата.
„Откако ќе завршат изборите всушност не е исклучена можноста гласачите да видат дали одредени политички партии во своите редови имаат луѓе кои соработувале или биле дел од мрежата на тајните служби.“
Од донесувањето на законот за лустрација од сега Комисијата откри три случаи односно за три лица тврди дека биле соработници на тајните служби. Двајца од нив се функционери во заминување, а едниот веќе пензиониран. Дел од медиумите повикувајќи се на анонимни извори во комисијата објавија дека претседателот на комисијата тенденциозно и самоволно ги прескокнува актуелните функционери. Аџиев негира дека приоритет имаат пензионирани функционери во процесот на лустрација наместо актуелните фунционери и кандидати за пратеници.
Откако ќе завршат изборите всушност не е исклучена можноста гласачите да видат дали одредени политички партии во своите редови имаат луѓе кои соработувале или биле дел од мрежата на тајните служби.