„Ние“ е насловена првата самостојна изложба на младиот македонски графичар Антонио Аранѓеловиќ, што ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје.
Антонио Аранѓеловиќ е припадник на генерацијата млади и надарени урбани скопјани кои во уметноста влегуваат со полни гради. Тој е графичар, стрип цртач и рап-музичар. Неговата прва самостојна изложба што ликовната публика ќе има можност да ја проследи во Младинскиот културен центар е насловена Ние и на неа Аранѓеловиќ претставува 30-на свои дела.
„Имам високо мислење за апстракцијата и се стремам кон неа, но сакам првата изложба да биде искрено и чесно, тоа што сум јас. На сите 30 дела секаде има ликови, портрети, но во еден јапонски дух решени.“
За сопственото творештво, ТОНИО САН, како што се потпишува, вели дека е инспирирано од јапонската анима, но дека...
„Мојот ликовен стил и мојот ликовен пристап е она традационално македонски, со многу боја, со рељеф по платната итн.“
Минатата година Аранѓеловиќ се промовираше и како автор на стрипот Фацизам кој доживеа одличен прием кај публиката. По објавувањето на првиот број уметникот забележува дека го стокмил и наредниот, но дека неговото излегување во печат задоцнило од објективни причини – едноставно сакал да учествува
на еден за него многу важен конкурс во Јапонија.
„Искочи еден конкурс во Јапонија кој што брзам да го стигнам, така што малку го одложивме излегувањето на вториот број кој сигурно ќе излезе во септември, а некаде во декември го планираме и третиот број.“
Конечно, како и секој млад и полн со енергија творец, кој патем зад себе има дури пет албумски изданија, Антонио за септември го најавува и публикувањето на шестата дискографска објава.
Ќе го издадам својот трет соло албум, се вика „Синтеза на ум“, барем така е работниот наслов и ќе биде потполно, 100% мое издание.“
Сакам првата изложба да биде искрено и чесно, тоа што сум јас. На сите 30 дела секаде има ликови, портрети, но во еден јапонски дух решени.
„Имам високо мислење за апстракцијата и се стремам кон неа, но сакам првата изложба да биде искрено и чесно, тоа што сум јас. На сите 30 дела секаде има ликови, портрети, но во еден јапонски дух решени.“
За сопственото творештво, ТОНИО САН, како што се потпишува, вели дека е инспирирано од јапонската анима, но дека...
„Мојот ликовен стил и мојот ликовен пристап е она традационално македонски, со многу боја, со рељеф по платната итн.“
Минатата година Аранѓеловиќ се промовираше и како автор на стрипот Фацизам кој доживеа одличен прием кај публиката. По објавувањето на првиот број уметникот забележува дека го стокмил и наредниот, но дека неговото излегување во печат задоцнило од објективни причини – едноставно сакал да учествува
Мојот ликовен стил и мојот ликовен пристап е она традационално македонски, со многу боја, со рељеф по платната итн.