Петерле – Да се зачува ЕУ динамиката

Од средбата Иванов-Петерле

Македонија треба да ја зачува динамиката на евроинтегративниот процес, порача европарламентарецот Алојз Петерле при посетата на Македонија.
По средбата со вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Васко Наумовски, Петерле изјави дека се надева дека и по престојните избори, настаните ќе се одвиваат во насока на приближување на земјата кон ЕУ.

„Ќе треба да пронајдеме еден поиновативен пристап бидејќи веќе имаме увид во тоа кои пристапи кои беа одбрани досега, не функционираа добро.“
Ќе треба да пронајдеме еден поиновативен пристап бидејќи веќе имаме увид во тоа кои пристапи кои беа одбрани досега, не функционираа добро

Петерле изјави дека е убеден дека играта треба да започне, за што Македонија има и свои подржувачи и пријатели во Европскиот парламент.
.
На средбата Наумовски и Петерле разговарале за евроинтерациите на Македонија, а Наумовски го информирал и за реформските процеси и за идните планови.

Европарламентарецот Петерле се сретна и со вицепремиерот Васко Наумовски

„Ги претставивме и нашите заложби и во наредниот период како влада да продолжиме со се она што е потребно со цел да се исполнат критериумите за членство, со се она што е потребно за Македонија да се доближи до високите европски стандарди.“


Словенечкиот пратеник во Европскиот Парламент имаше средба и со претседателот Ѓорге Иванов. Претседателот Иванов го информирал
Ги претставивме и нашите заложби и во наредниот период како влада да продолжиме со се она што е потребно со цел да се исполнат критериумите за членство.
Петерле за актуелностите во процесот за надминување на разликата околу името со Грција, како и за текот на процесот пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Двајцата соговорници изразиле надеж дека ова прашање, преку кое Грција ги попречува македонските евро-атлански интеграции, наскоро ќе биде надминато, се енаведува во соопштението од Кабинетот на Претседателот.

Петерле беше прв премиер на Словенија по осамостојувањето на земјата и на два пати шеф на дипломатијата. Член е на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент и припаѓа на групата на Европските народни партии.