Интензивни активности на меѓународните претставници пред изборите. Тие, и повеќе од нас, се трудат да спроведеме добри избори, велат аналитичарите.
Меѓународни преставници деновиве се во интензива предизборна мисија. Два дена во посета на земјава се преставници на Парламентарното собрание на Советот на Европа, кои имаат средби со политичкиот врв, со институциите надлежни за спроведување на избори, но и со невладини организации и медиуми. Во земјава веќе е распоредена и мисијата на ОДИХР, која исто
така се среќава со релевантните фактори од кои зависи одвивањето на изборниот процес.
Советот на Европа на денот на изборите ќе партиципира со дваесет набљудувачи, кои ќе бидат дел од меѓународниот тим монитори, чија основа ја сочинува ОДИХР.
„Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа е во Македонија за да ја оцени ситуацијата и политичката клима пред претстојните избори. Претставуваме различни политички групи и дојдени сме за да се сретнеме со политичари, но и невладини организации, медиуми, меѓународни организации што се присутни тука и што ја набљудуваат состојбата. Би сакале да имаме јасна слика што се случува во земјата, зошто има предвремени избори“, вели шефот на прелиминарната мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Шарл Гардето.
Во извештајот на ОБСЕ се наведува дека меѓународната заедница за овие избори, е загрижена од можните заплашувања и притисоци пред се на јавната администрација, појава која беше нотирана уште во 2009-тата. И оваа година ОБСЕ, изборите ќе ги мониторира со 300 набљудувачи, кои го следат и предизборието и изборниот ден на 5 јуни.
На денот на отварањето на канцеларијата за набљудување на изборите, раководителот на мисијата Џулијан Пил Јејтс изјави дека овие избори се тест за демократската зрелост. И затоа сите треба да ја одиграат својата улога. Тој рече дека нивната е да набљудуваат, но не да надгледуваат и да раководат. Тоа е задолжение на македонските власти. ОБСЕ/ОДИХР нема да излезе во јавноста да ги коментира изборите се од 6 јуни кога гласањето ќе заврши. Тогаш ќе ги соопштат своите оценки
за изборите.
Меѓународната заедница се труди дури и повеќе од нас самите за демократизација на земјата и за спроведување на добри избори, вели аналитичарот Љуљзим Хазири.
„Оттука и нејзината динамична агенда пред изборите со разни актери во општеството се со цел раздвижување на закочените ЕУ процеси и постигнување на некаков прогрес. Ценам дека одржувањето на фер и демократски избори после серија на лошо оцените избори, ќе ја мотивира меѓународната заедница во насока на продолжување на поддршката што и ја дава на Македонија.“
Пред неколку денови, со заедничка изјава излегоа и мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД. Во нивната изјава, меѓудругото, ги повикуваат сите одговорни политички чинители да преземаат сè што е во нивната моќ за да осигураат дека изборите се во согласност со утврдените меѓународни демократски стандарди и дека се одвиваат без заплашување и насилство.
Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа е во Македонија за да ја оцени ситуацијата и политичката клима пред претстојните избори. Дојдени сме за да се сретнеме со политичари, но и невладини организации, медиуми, меѓународни организации што се присутни тука и што ја набљудуваат состојбата. Би сакале да имаме јасна слика што се случува во земјата, зошто има предвремени избори.
Советот на Европа на денот на изборите ќе партиципира со дваесет набљудувачи, кои ќе бидат дел од меѓународниот тим монитори, чија основа ја сочинува ОДИХР.
„Делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа е во Македонија за да ја оцени ситуацијата и политичката клима пред претстојните избори. Претставуваме различни политички групи и дојдени сме за да се сретнеме со политичари, но и невладини организации, медиуми, меѓународни организации што се присутни тука и што ја набљудуваат состојбата. Би сакале да имаме јасна слика што се случува во земјата, зошто има предвремени избори“, вели шефот на прелиминарната мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Жан Шарл Гардето.
Во извештајот на ОБСЕ се наведува дека меѓународната заедница за овие избори, е загрижена од можните заплашувања и притисоци пред се на јавната администрација, појава која беше нотирана уште во 2009-тата. И оваа година ОБСЕ, изборите ќе ги мониторира со 300 набљудувачи, кои го следат и предизборието и изборниот ден на 5 јуни.
На денот на отварањето на канцеларијата за набљудување на изборите, раководителот на мисијата Џулијан Пил Јејтс изјави дека овие избори се тест за демократската зрелост. И затоа сите треба да ја одиграат својата улога. Тој рече дека нивната е да набљудуваат, но не да надгледуваат и да раководат. Тоа е задолжение на македонските власти. ОБСЕ/ОДИХР нема да излезе во јавноста да ги коментира изборите се од 6 јуни кога гласањето ќе заврши. Тогаш ќе ги соопштат своите оценки
Оттука и нејзината динамична агенда пред изборите со разни актери во општеството се со цел раздвижување на закочените ЕУ процеси и постигнување на некаков прогрес.