Не проработе Центарот за истражување на неолитот

Не проработе Центарот за истражување на неолитот во Битола

Светскиот Центар за истражување на неолитот, кој во Битола пред четири години свечено беше отворен, воопшто не проработи.
Идејата да се интензивира истражувањето на ова историско богатство и да се промовира низ светот, остана само на зборови. Не се отвори нова тумба од многуте со кои изобилува Пелагонија. Жителите на пелагониските села каде има вакви наоѓалишта велат дека на терен со години не заиграле казми. Дел од наоѓалиштата денес се обраснати со вегетација и скоро и да не се заблежуваат. До нив не се направени патишта, нема патокази, па не можат да се искористат ни како туристичка актракција.
Секое лето порано се истражуваше таму, се ископуваше. Поминаа пет-шест години откако последно копаа. Одеа дури и сезонски работници од
кај нас.

„Одамна се истражуваа наоѓалиштата и јас миев керамика. Таа куќарка сега е приватна, а беше на битолскиот музеј. Доаѓаа истражувачи од Штип, од Полска... Јас немам слушнато дека во последните пет или десет години нешто се истражувало. Тоа е од одамна завршена работа. Ова горе е руина, а најверојатно има уште што да се истражува, но немаат пари.“

„Овде е наоѓалиштето каде во минатото ја пронашле Породинската куќа. Нема убав пат до таму. Знам дека има уште две тумби, две наоѓалишта, но каде се искрено не можам да кажам, не можам да ги лоцирам. Секое лето порано се истражуваше таму, се ископуваше. Поминаа пет-шест години откако последно копаа. Одеа дури и сезонски работници од кај нас“, велат жители од село Породин.
Одамна се истражуваа наоѓалиштата и јас миев керамика. Таа куќарка сега е приватна, а беше на битолскиот музеј. Доаѓаа истражувачи од Штип, од Полска. Јас немам слушнато дека во последните пет или десет години нешто се истражувало.

Центарот беше отворен за време на претходниот директор на битолскиот Завод и музеј, Зоран Николовски. Но, новата директорка на оваа установа, Лилјана Христова вели дека вакво одделение во нивни рамки не постои. Сепак, најавува дека годинава ќе се интензивираат активностите на неолитските наоѓалишта.

„Ќе се равалоризираат шест тумби. Тоа има научна цел , но и од аспект да направиме од археолошките локалитети туристички атрактивни места за посета“, вели Христова.

Архитектот Вангел Божиновски, кој требаше да биде координатор на Центарот за истражување на неолитеот, вели дека не проработил поради недостиг на пари. Но, смета дека треба да се обнови проектот зашто македонскиот неолит е еден од врвните во светот, а не е доистражен.