Партиските пари немаат посебно влијание, но парите потрошени од буџетот во предизборието, може да влијаат врз економијата, велат економистите.
Партиските пари немаат посебно влијание, но парите потрошени од буџетот во текот на изборите, може да влијаат врз економијата, велат економистите.
Партиските пари не може, но државните може да влијаат на економијата во предизборието, велат економистите со кои разговаравме.
За десетина денови почнува предизборната кампања. Билборди, ТВ и радио спотови, огласи во весниците, бини, пејачи, превоз, маици, запалки, пенкала, сендвичи и сокчиња за активистите... На партиите им е дозволено да потрошат по речиси 5,5 милиони евра во кампањата, иако проценките велат дека „на црно“ се вртат повеќе пари.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека тие пари немаат таква тежина за да влијаат на стопанството.
„Може да влијае во предизборната кампања фактот што актуелната влада, парите од буџетот ги интензивира во довршување на проекти и објекти кои ги ветувала во претходната преизборна кампања. Може во овој период градежните фирми да ги наплатат своите побарувања од владата и тоа да делува позитивно, станува збор за 100-тина милиони евра, додека парите од партиите се безначајни.“
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски се согласува дека партиските пари потрошени за кампања се многу мали во споредба со македонската економија за да може некако да влијаат на неа.
„Може да потикнат одреден сегмент, на пример телевизиите кои ќе имаат зголемен обем на реклами или еве да речеме некои печатарски трошоци, но ништо повеќе. Што значи можеме дури и напротив да сметаме декаизборните активности може негативно да влијаат на економските активности, во тој месец-два кога целото внимание ќе се насочи кон изборните, а не кон економските активности, дури и некои од компаниите може ќе имаат и трошок ако се обидат да спонзорираат дел од политичките партии согласно законот, што е легитимно.“
Од друга страна, вели Хајредини, предизборното владино раздолжување може да влијае на зголемување на инфлацијата.
„Сигурно, секое зголемување на паричната маса доведува и до пораст на цените.“
Според заводот за статистика, цените во април госинава биле за 4,8 отсто повисоки во однос на април 2010. ММФ предвиде дека инфлацијата годинава ќе биде 5 отсто.
Партиските пари не може, но државните може да влијаат на економијата во предизборието, велат економистите со кои разговаравме.
Може во овој период, градежните фирми да ги наплатат своите побарувања од владата и тоа да делува позитивно. Станува збор за 100-тина милиони евра, додека парите од партиите се
безначајни.
За десетина денови почнува предизборната кампања. Билборди, ТВ и радио спотови, огласи во весниците, бини, пејачи, превоз, маици, запалки, пенкала, сендвичи и сокчиња за активистите... На партиите им е дозволено да потрошат по речиси 5,5 милиони евра во кампањата, иако проценките велат дека „на црно“ се вртат повеќе пари.
Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека тие пари немаат таква тежина за да влијаат на стопанството.
„Може да влијае во предизборната кампања фактот што актуелната влада, парите од буџетот ги интензивира во довршување на проекти и објекти кои ги ветувала во претходната преизборна кампања. Може во овој период градежните фирми да ги наплатат своите побарувања од владата и тоа да делува позитивно, станува збор за 100-тина милиони евра, додека парите од партиите се безначајни.“
Поранешниот министер за финансии Никола Поповски се согласува дека партиските пари потрошени за кампања се многу мали во споредба со македонската економија за да може некако да влијаат на неа.
„Може да потикнат одреден сегмент, на пример телевизиите кои ќе имаат зголемен обем на реклами или еве да речеме некои печатарски трошоци, но ништо повеќе. Што значи можеме дури и напротив да сметаме дека
Сигурно, секое зголемување на паричната маса доведува и до пораст на цените.