Преглед на печатот

Средбата Груевски-Црвенковски, можни постизборни коалиции, рекордните цени на нафтата, дел од темите во неделниците.
Топ темите од политичко-економскиот живот во неделата што измина се и топ теми во неделниците: средбата Груевски-Црвенковски и цената на нафтата.

„Груевски-Црвенковски 1:1“, смета Форум, во својата анализа на тоа што произлезе од „средбата на годината“ и на барањата на партиите од албанскиот политички кампус. Иако резултатот е нерешен, неделникот забележува дека двете најголеми партии попуштале, а тоа бил патот до компромисот. Покрај ова, авторот на анализата во Форум смета дека сите партии се пред избор - да заборават на политиката на инаетење и да им дадат шанса на изборите, и да си ги одмерат силите пред електоратот. Се' друго ќе биде неоправдано, неодговорно и инаетчиско политикантство, од кое најголема штета ќе трпат државата и граѓаните, порачува Форум.

Фокус оди понатаму, па врз основа на една изјава прави проекции за тоа кој се' ќе коалицира во новата влада по изборите. Верен на својот став и против Црвенковски и против ВМРО-ДПМНЕ, во насловот на колумната авторот прашува „Кој ќе гласа за Љубе или за Љубчо, ако тие прават влада со Бранко?!“. Фокус смета дека Фрчкоски, со изјавата дека во
Кој ќе гласа за Љубе или за Љубчо, ако тие прават влада со Бранко?!
идната влада покрај ДУИ би се нашло место и за ДПА плус Љубе Бошкоски ем ЉубчоГеоргиевски, заслужил од преродбениците барем едно топло благодарам, како што пишува. Затоа што, продолжува неделникот, нивните мегафони бездруго ќе најдат илјадници начини за дополнително прилагодување на ставот на Фрчкоски - за уште пожестоко дисквалификување на сите незадоволни вмровци, кои алтернативата ја гледаат во Обединети или во ВМРО-НП. Како власта ќе беше толку умислена ако опозицијата не си забиваше толку ефектни автоголови?, завршува со прашање колумната на Фокус.


Глобус развива теза дека за актуелната Влада, на која водењето на економијата не и била силна страна, влезот во изборната трка е дополнителен хендикеп за решавање на новите неволји со скокот на цената на храната и на нафтата. „Владата ќарува од нафтата, граѓаните осиромашуваат“, ја насловува Глобус својата анализа на економските движења во земјава, забележувајќи дека и кога реално се создаваат буџетски вишоци, тие се дел од „дилот“, да има за
Владата ќарува од нафтата, граѓаните осиромашуваат.
споменици, а да нема за социјала, макар и пред избори. Владата го усвои буџетот за оваа година кога светската цена на суровата нафта беше 83 долари за барел, а сега е преку 100 долари, а цената може да скока и до 250 долари за барел. Затоа, ако државата не преземе соодветни мерки, ќе се доведе во ситуација да се бори со двоцифрена инфлација, а порастот на цените ќе биде погубен за 80 проценти од граѓаните, заклучува песимистички Глобус.