Повеќе работа на ЕУ реформите

Претставникот на ЕУ Роберт Лидл и локалните власти во Куманово

Работата на реформите е најдобар начин за забрзување на евроинтеграциите, изјави ЕУ претставникот Роберт Лидл пред локалните власти во Куманово.
И земјите од Европската унија имаат свои проблеми. Во одредени периоди тие меѓусебе добро се согласуваат, се сакаат, но има периоди и на судири. Но, она што треба РМ да го направи е да го забрза процесот кон евроинтеграциите, затоа што тоа е цел, мета која постојано се движи, меѓу другото рече Роберт Лидл од Канцеларијата на ЕУ, при презентирање на
Критериумите од Копенхаген се поставија во декември и значајно е што во вашата земја одговорноста веќе и припаѓа на Владата во раководење со фондовите. Процесот е постојан, работата со Владата и со локалните власти, со граѓаните за да се обезеди целосно членство.
Извештајот за 2010 година, во Куманово. На презентацијата учествуваа претставници од локалната администрација, од општинскиот Совет, невладиниот сектор и медиумите. При тоа Лидл додаде дека РМ работи, но се чини дека тоа не е доволно, особено во забрзување на процесот на децентралзиацијата, реформите во судството, а одговорностите на централната и на локалната власт се поделени. Во Европа има многу промени што влијаат на работата и на животот на луѓето.

„Критериумите од Копенхаген се поставија во декември и значајно е што во вашата земја одговорноста веќе и припаѓа на Владата во раководење со фондовите. Процесот е постојан, работата со Владата и со локалните власти, со граѓаните за да се обезеди целосно членство. Не зборувам за спорот за името со Грција, но не е се престанато заради него“, рече Лидл.

Тој додаде дека овој процес не оди лесно напоменувајќи дека во законодавството постои голем број закони.

„Имате неколку стотици закони, на пример неколку стотици закони се рибарство, 850 закони. Вие не сте земја со морски брег, но имате идеја. За конкурентноста исто така имате многу закони и не може преку ноќ да седонесе. Сепак работата треба правилно да се постави.“


Лидл рече дека и локалните медиуми се тие кои постојано треба да потпрашуваат за процесот на децентрализацијата, бидејќи и нивната улога е голема.
Локалните претставници сметаат дека децентрализацијата е запрена иако по урнекот на европските држави треба да се работи и на регионализација.

Оливер Спасовски, општински секретар, рече дека реалната состојба во Извештајот на ЕУ во неколку сегменти укажува на контрадикторности. За да не се случи тоа и во следниот извештај летаргијата треба да се прекине час поскоро.
Демократизацијата на институциите во РМ, судството, слободата на медиумите и децентрализацијата се најзначеан сегмент. Македонија може и мора да направи
многу.


„Демократизацијата на институциите во РМ, судството, слободата на медиумите и децентрализацијата се најзначеан сегмент. Македонија може и мора да направи многу.“

Според Спасовски сеуште има големо влијание во судството и Македонија нема независно судство.

„На дело да покажеме реформски курс за да создадеме сигурност кај граѓаните на РМ. Малку е направено во делот на човековите права, мерката на притвор, условите во казнено-поправните установи и домови. Тука стоиме во место и не преземаме соодветни мерки. А и децентралзацијата стои во место, а вистинскиот напредок на државата е токму во тоа.“

Спасовски напомена дека има несоодветни мерки во децентрализирање на полицијата и дека сме закопани во битките на позицијата или опозицијата. Ваков тренд негативно ќе се одрази на РМ кон евроинтегративните процеси. Меѓутоа, Лидл рече дека на Македонија и треба и охрабрување од ЕУ за она што го сработила и што уште треба да сработи.