Вашингтон не притиска за промена на името

Американската политика е многу конзистентна, изјави портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер, коментирајќи некои наводи во Скопје дека Вашингтон инсистирал на промена на името.
Американската политика е непроменета и ниту еден американски официјален претставник не влијае како да се реши прашањето со името.

Ова го изјави портпаролот на Стејт Депратментот Марк Тонер на редовниот брифиг во Вашингтон во врска со наводите на Ристо Никовски, член на Советот за меѓународни односи на претседателот Ѓорге Иванов, дека Соединетите Држави, односно сегашната администрација, за разлика од претходната на Џорџ Буш, има поцврста линија и притиска за промена на името, или во спротивно Македонија нема да влезе во НАТО.

„Американската политика е многу доследна и таа е дека до Македонија и до Грција е да ги решат нивните разлики околу прашањето за името. Ги поттикнавме двете страни да бараат можности да тргнат напред“, изјави портпаролот на Стејт Департментот, Марк Тонер, на редовниот брифинг во Вашингтон.

Наведувајќи дека ова не е ситуација во која некој
Американската политика е многу доследна и таа е дека до Македонија и до Грција е да ги решат нивните разлики околу прашањето за името. Ги поттикнавме двете страни да бараат можности да тргнат напред. Ниту амбасадорот Рикер, ниту кој и да е друг американски официјален претставник никогаш не се обидел да диктира како тие треба да го
сторат тоа.
губи, а друг добива тој додаде.

„Ниту амбасадорот Рикер, ниту кој и да е друг американски официјален претставник никогаш не се обидел да диктира како тие треба да го сторат тоа.“

Портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер исто така изрази надеж дека ќе се најде решение за спорот.

„Како и да е, се надеваме дека прашањето ќе биде решено и оти Македонија ќе биде во можност да го преземе нејзиното место во евроатланстките институции“, изјави Марк Тонер.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во врска со оценките на амбасадорот Ристо Никовски вчера изјави дека секој поединец има право на сопствено мислење, но оти ориентација на владата е стратешко партнерство со Соединетите Држави.

Американскиот амбасадор Филип Рикер

„Владата и Министерството за надворешни работи имаат една ориентација, а тоа е стратешко партнерство со нашите пријатели од Вашингтон. Во текот на оваа влада се потпиша и документот за стратешко партнерство меѓу двете држави и цениме дека таквиот заемен однос, како и реалните сојузништва на теренот како што беше Ирак и сега Авганистан, се доказ дека ова пријателство е цврсто потврдено“, изјави Милошоски.

Тој ја изрази и подготвеноста на Македонија да преговара со Грција, со посредство на медијаторот Метју Нимиц, за да се најде позитивно решение.

Претходно, кабинетот на македонскиот претседателот Ѓорге Иванов негираше дека Ристо Никовски е советник на шефот на државата и оти ги искажува неговите ставови.