Македонија во последниве неколку години е во постојана кавга со меѓународната заедница, велат упатените, по зачестените напади на луѓе од власта и блиски до власта кон претставниците на дипломатскиот кор во земјава.
Професор Стево Пендаровски, кој беше советник за национална безбедност на претседателите Борис Трајовски и Бранко Црвенковски, вели дека она што јавно го пишуваат и говорат формални и неформални советници на власта е до запирка идентично со политиката што ја спроведува власта. Онаму каде што е потребно, власта ќе покаже реторичка кооперативност, но суштинско приближување до европските стандарди нема да имаме, вели тој.
„Мој впечаток е дека тие се имаат усогласено со некоја нивна внатрешна политичка позиција, имало-немало избори, да водат грижа исклучиво за тоа што нивниот непосреден или директен електорат може да посака да им биде испорачано, а најмалку за тоа што се испорачува од надвор како меѓународенстандард. Значи, меѓународната заедница е маргинализирана пет години во оваа држава, така ќе продолжи и понатаму со оваа политичка структура навласт, домашниот електорат, домашните желби, дури и од најбанален, комунален карактер добиваат апсолутен приоритет независно од нивната евентуално антиреформска содржина.“
Поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева вели дека Македонија ги губи пријателите, сега кога и се најпотребни.
„Лексиката на егзекуција станува манир не само на домашната политичка сцена, туку и во надворешната политика. Неуспесите во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и ЕУ, се супституираат содипломатски скандали, а импликациите се сериозни, Македонија ги губи пријателите во моментот кога тие и се најпотребни.“
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, во вчерашната колумна во весникот Нова Македонија, жестоко ги нападна поранешниот амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере и амбасадорот на САД во заминување Филип Рикер.
Никовски пишува дека Фуере „направи повеќе чекори за кои требаше да биде дури и протеран од земјава“, а Рикер „на моменти се однесуваше како наш неизбран гувернер“.
Во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов велат дека поранешниот амбасадор Ристо Никовски не е советник во кабинетот на Претседателот и не е вработен таму. Тие прецизираат дека тој е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот, што е неформално советодавно тело. Во соопштение од Кабинетотот на Претседателот Ѓорге Иванов се наведува дека Претседателот апсолутно не се согласува со ставовите изнесени од страна на Амбасадорот Никовски во колумната во весникот Нова Македонија.
„Овие ставови не се одраз на политиката на Претседателот Иванов и на Република Македонија“, се наведува во соопштението.
Амбасадорот Никовски вели дека е крајно некоректно да го поврзуваат соКабинетот на претседателот. Јас секогаш зборувам во свое лично име, а не во име на некаква институција, дециден е Никовски.
„Македонија мора да гради пријателства, меѓутоа факт е дека однесувањето на одредени амбасадори во Скопје е неприфатливо или излегува од нивниот мандат. Тоа мора да се санкционира и отворено да се каже.“
На мета на критики на луѓе од, или блиски до власта, е и холандската амбасадорка Симоне Филипини.
Откако известувачот за Македонија во ЕП, Зоран Талер, во нацрт-извештајот за состојбата во земјава даде остри критики за непочитување на слободата на медиумите, независноста на судството и на политичкиот дијалог, премиерот Никола Груевски рече дека Талер и припаѓа на левата опција, што често пати знае да има свое влијание врз одредени изјави или извештаи.
Минатиот месец, потпретседателот на делегацијата на Европскиот Парламент за југоисточна Европа, Јелко Кацин ја повика владејачката партија да престане да измислува непријатели.
Професор Стево Пендаровски, кој беше советник за национална безбедност на претседателите Борис Трајовски и Бранко Црвенковски, вели дека она што јавно го пишуваат и говорат формални и неформални советници на власта е до запирка идентично со политиката што ја спроведува власта. Онаму каде што е потребно, власта ќе покаже реторичка кооперативност, но суштинско приближување до европските стандарди нема да имаме, вели тој.
„Мој впечаток е дека тие се имаат усогласено со некоја нивна внатрешна политичка позиција, имало-немало избори, да водат грижа исклучиво за тоа што нивниот непосреден или директен електорат може да посака да им биде испорачано, а најмалку за тоа што се испорачува од надвор како меѓународенстандард. Значи, меѓународната заедница е маргинализирана пет години во оваа држава, така ќе продолжи и понатаму со оваа политичка структура навласт, домашниот електорат, домашните желби, дури и од најбанален, комунален карактер добиваат апсолутен приоритет независно од нивната евентуално антиреформска содржина.“
Поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева вели дека Македонија ги губи пријателите, сега кога и се најпотребни.
„Лексиката на егзекуција станува манир не само на домашната политичка сцена, туку и во надворешната политика. Неуспесите во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и ЕУ, се супституираат со
Неуспесите во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и ЕУ се супституираат со дипломатски
скандали.
Поранешниот амбасадор Ристо Никовски, во вчерашната колумна во весникот Нова Македонија, жестоко ги нападна поранешниот амбасадор на ЕУ, Ерван Фуере и амбасадорот на САД во заминување Филип Рикер.
Никовски пишува дека Фуере „направи повеќе чекори за кои требаше да биде дури и протеран од земјава“, а Рикер „на моменти се однесуваше како наш неизбран гувернер“.
Совет за меѓународни односи на Претседателот на Република Македонија. Клик на сликата за поголема верзија.
Во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов велат дека поранешниот амбасадор Ристо Никовски не е советник во кабинетот на Претседателот и не е вработен таму. Тие прецизираат дека тој е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот, што е неформално советодавно тело. Во соопштение од Кабинетотот на Претседателот Ѓорге Иванов се наведува дека Претседателот апсолутно не се согласува со ставовите изнесени од страна на Амбасадорот Никовски во колумната во весникот Нова Македонија.
„Овие ставови не се одраз на политиката на Претседателот Иванов и на Република Македонија“, се наведува во соопштението.
Амбасадорот Никовски вели дека е крајно некоректно да го поврзуваат со
Македонија мора да гради пријателства, меѓутоа факт е дека однесувањето на одредени амбасадори во Скопје е неприфатливо или излегува од нивниот мандат. Тоа мора да се санкционира и отворено да се каже.