Одложувањето на пописот е показател дека на власта и се брза со изборите, велат експертите.
Пописот и изборите се сериозни операции кои не може да се изведуваат истовремено, велат аналитичарите со кои разговаравме.
Професор Мерсел Биљали вели дека одлагањето на пописот за по изборите е показател дека на власта и се брза со распишувањето предвремени избори.
„Потоа е проблемот што реално уште од стартот постојат проблеми во однос на функционирањето на телата на пописот што се покажа како политички игри кои можат да бидат многу опасни и да се девалвира комплетно оваа акција.“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по вчерашната средба со словенечкиот министер за надворешни работи Самоил Жбогар, изјави дека коалиционите партнери во власта се договориле да го одложат пописот за наесен.
„Имајќи ја предвид климата што е создадена во Македонија, мислам дека е најдобро пописот да се одложи за подобри времиња. Мислам дека не есуштинско дали тоа ќе биде октомври или ноември. Според мене, засега е најважно пописот да се одложи за по изборите“, изјави лидерот на ДУИ.
Опозициската Нова демократија, претходно бараше одложување на пописот и се закани дека ќе го бојкотира. Членовите Албанци, пак, ја бојкотираа работата на Државната пописна комисија.
Професор Владо Поповски вели дека пописот се политизира поради тоа што луѓето мислат дека поголемиот или помал процент на Албанци во Македонија може да влијае на спроведувањето на Рамковниот договор.
„Поради таа шпекулација која воопшто не е точна, се создава преголема нервоза и на таа основа се јавува еден компетитивен национализам, кој што одредени политички партии од едниот и од другиот кампус сакаат да го искористат за својот рејтинг пред изборите.“
Поповски потсетува дека такви тензии се појавуваат пред секој попис во Македонија.
Професор Мерсел Биљали со свој одговор на прашањето: Зошто една обична статистичка операција во Македонија добива политичка димензија?
„Па, кај нас и сонцето и воздухот добиваат политичка димензија, се е политизирано и ништо не е вообичаено, за разлика од останатиот свет кој оваа операција ја гледа како развојна ние ја гледаме како броење на поединци, групи, нации итн.“
Вицепремиерот задолжен за спроведување на рамковниот договор, Абдулаќим Адеми денеска изјави дека до Собранието се уште нема доставено предлог за одложување на пописот.
Бидејќи веќе има атмосфера на предвремени избори, а администрацијата не може да учествува квалитетно на двата важни процеса, сметаме дека пописот треба да се одложи по предвремените избори, односно да се одржи во ноември или април догодина, изјави денеска Адеми.
Пред помалку од половина година, тој рече дека во Македонија, статистичките податоци, освен тоа што е стандардно, се користат и за реализирање на етнички права - и на локално и на централно ниво. Со самото тоа, пописот во Македонија добива и друга димензија, рече тогаш Адеми.
Професор Мерсел Биљали вели дека одлагањето на пописот за по изборите е показател дека на власта и се брза со распишувањето предвремени избори.
Имајќи ја предвид климата што е создадена во Македонија, мислам дека е најдобро пописот да се одложи за подобри времиња.
„Потоа е проблемот што реално уште од стартот постојат проблеми во однос на функционирањето на телата на пописот што се покажа како политички игри кои можат да бидат многу опасни и да се девалвира комплетно оваа акција.“
Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по вчерашната средба со словенечкиот министер за надворешни работи Самоил Жбогар, изјави дека коалиционите партнери во власта се договориле да го одложат пописот за наесен.
„Имајќи ја предвид климата што е создадена во Македонија, мислам дека е најдобро пописот да се одложи за подобри времиња. Мислам дека не е
Потоа е проблемот што реално уште од стартот постојат проблеми во однос на функционирањето на телата на пописот што се покажа како политички игри кои можат да бидат многу опасни и да се девалвира комплетно оваа акција.
Опозициската Нова демократија, претходно бараше одложување на пописот и се закани дека ќе го бојкотира. Членовите Албанци, пак, ја бојкотираа работата на Државната пописна комисија.
Професор Владо Поповски вели дека пописот се политизира поради тоа што луѓето мислат дека поголемиот или помал процент на Албанци во Македонија може да влијае на спроведувањето на Рамковниот договор.
„Поради таа шпекулација која воопшто не е точна, се создава преголема нервоза и на таа основа се јавува еден компетитивен национализам, кој што одредени политички партии од едниот и од другиот кампус сакаат да го искористат за својот рејтинг пред изборите.“
Се создава преголема нервоза и на таа основа се јавува еден компетитивен национализам којшто одредени политички партии од едниот и од другиот кампус сакаат да го искористат.