Одлагање на гласањето на дијаспората?

Опозицијата, но и експертите, повикуваат да се одложи гласањето на дијаспората додека не се создадат услови за тоа.
Околу гласањето на иселениците кои престојуваат во други држави сеуште има отворени прашања, а новото решение по се изгледа нема да внесе посериозни промени во изборната кампања. Опозициските партии се убедени дека измените на изборниот закон околу дијаспората такви какви што се се неприменливи, а и дел од експертите сметаат дека бројот на мандати што би ги
Кампањата за дијаспората ќе се води во дијаспората, ќе има листи и секој од кандидатите за пратеници од дијаспората сигурно ќе се посвети на дијаспората.
добиле иселенците е мал за да предизвикаат посуштинска дебата во изборната кампања.

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека новото решение ништо нема да смени во нивната кампања, но од причини што, како што велат, иселениците и досега имале место во нивните кампањи, а плус е тоа што сега се овозможува и да гласаат и да учествуваат во работата на парламентот:

„Кампањата за дијаспората ќе се води во дијаспората, ќе има листи и секој од кандидатите за пратеници од дијаспората сигурно ќе се посвети на дијаспората. Апсолутно, некои од партиите во своите програми за прв пат ќе ги споменат иселениците, додека ВМРО-ДПМНЕ барем во тој поглед нема што да измени или дополни, затоа што изминативе 20 години дијаспората апсолутно беше на нашите страници на програмата“, изјави Зоран Петерески од ВМРО-ДПМНЕ.

Од изборите во 2009 година

Измените на изборниот закон кои се однесуваат за дијаспората се донесени пред две години. Експертите, пак, предлагаат, додека не се создадат услови, да се одложи гласањето на дијаспората. Професор Тања Каракамишева Јовановска е убедена дека со три мандати што ги добива дијаспората нема да има приоритет во агендите на политичките партии:
Доколку се имаше во предвид принципот на еднаквост и доколку дијаспората дава повеќе од три мандати, на пример пет, десет, во тој случај тие пратеници би можеле да внесат многу посуштинска дебата околу прашањата што ги мачат нашите иселеници, а вака мислам дека тие ќе бидат само декор бидејќи тројца пратеници не менуваат ништо


„Доколку се имаше во предвид принципот на еднаквост и доколку дијаспората дава повеќе од три мандати, на пример пет, десет, во тој случај тие пратеници би можеле да внесат многу посуштинска дебата околу прашањата што ги мачат нашите иселеници, а вака мислам дека тие ќе бидат само декор бидејќи тројца пратеници не менуваат ништо.“

Според неа, околу гласањето на иселениците има многу работи кои се во правна празнина како на пример како ќе се одвива кампањата, како ќе се финансираат политичките партии или листата на независни кандидати кои би дале свои претставници на дијаспората за македонското Собрание, понатаму финансирањето на билборди и медиумското претставување.

Во ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека измените кои треба да се донесат се однесуваат на допрецизирање на некои прашања и гласењето да помине во најдобар ред.

Инаку освен што се уште не се знае дали и под кои услови ќе се избираат тројца пртеници во законодавниот дом, нема политички консезус ни околу измените на изборниот законик кои се однесуваат на гарантирани мандати за помалите етнички заедници:

„Двете клучни политички барања кои ги има нашата партија, а тоа е околу загарантираните мандати на помалите етнички заедници и второто барање за составот на избирачките одбори“, изјави Владо Бучковски од СДСМ.