Цената на лебот останува

Одлуката на владата да интервенира од државните резерви за да нема покачување на цената на лебот, според економистите е предизборен потег. Производителите, пак, велат дека мерката на владата ќе помогне да нема нови поскапувања.
Цената на лебот ќе остане иста, бидејќи трошоците за производство се зголемени, велат пекарите. Владата, во обид да го врати старото ниво на цената на лебот, реши да интервенира со 40 илјади тони пченица од државните резерви. Пченицата ќе се продава со почетна цена од 15,5 денари за килограм на јавно надавање.

Производителот на леб Илија Павличковски вели дека мерката на владата ќе помогне да нема нови зголемувања на цените.

„Цената на пченица што ја дава владата е 15,5 денари плус 5 отсто ДДВ, а цената на лебот е правена калкулација на пченица од 10 денари, а покачени се трошоците за нафта, за струја, за квасец, на сол, зејтин на сите суровини се отидени најмалку 120 отсто. Ако има доволно до новата реколта, би требало цените на застанат на ова каде што се сега.“


Поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини вели дека владата била свесна дека мелничарите, откако решиле да ги зголемат цените на лебот, и покрај нивните мерки нема да ги вратат на старото ниво. Според него проблемите во земјата на економски план не се само од кризата, туку и од лошата политика на владата.

„Македонија нема ниту внатрешни услови за некаков здрав економски развој. Затоа што економската политика на владата, на оваа сиромашна земја која Ставрески ја вика стабилна економија. Стаблна, сиромашна
Македонија нема ниту внатрешни услови за некаков здрав економски развој. Затоа што економската политика на владата, на оваа сиромашна земја која Ставрески ја вика стабилна економија. Стаблна, сиромашна економија, а стабилна економија во развој е сосема нешто
друго.
економија, а стабилна економија во развој е сосема нешто друго.“

Комуникологот Петар Арсовски вели дека таквите мерки на властите, пред одржувањето на избори, не се ништо ново и се со цел да се придобијат што повеќе гласови.

„Не се невообичаени вакви потези во предизборие со што било која влеадејачка гарнитура се обидува да купи гласови од извесна социјална или целна група. Таквиот потег може да се толкува во таа насока.“

Домашното производство на пченица задоволува околу 50 насто од потребите на преработувачите. Според последниот извештај на Обединетите нации, пченицата за една година поскапела за 60 отсто.