Полицаец, семеен насилник

Прилепчанката Александра Атанасоска вели дека долги години е жртва на насилството на својот сопруг, вработен како полицаец.
Прилепчанката Александра Атанасоска долги години е жртва на насилството на својот сопруг, полицаец кој како што вели постојано си доаѓа дома во алкохолизирана состојба и психо-физички ги малтретира и неа и нивните две малолетни деца. Последниот пат, како што се жали оваа 35 годишна жена,
Околу 23 часот ние сите спиевме, тој дојде првин ме фати за коса со сета сила, почна да ме тепа, децава ги разбуди влечкајќи ги за пижами и ги навредуваше со вулгарни зборови и ги исфрли надвор. Се врати мене продолжи да ме тепа и ми рече дека ќе ме убие и дека сака да ме убие за да се спаси од мене.
сопругот и неа и децата ги исфрлил надвор од станот, каде по пижами, боси чекале помош од полицијата.

„Околу 23 часот ние сите спиевме, тој дојде првин ме фати за коса со сета сила, почна да ме тепа, децава ги разбуди влечкајќи ги за пижами и ги навредуваше со вулгарни зборови и ги исфрли надвор. Се врати, мене продолжи да ме тепа и ми рече дека ќе ме убие и дека сака да ме убие за да се спаси од мене“, се жали Александра.

Не само на сопругот, Александра реагира и на односот на полицијата, која вели, наместо да ги штити неа и децата, постојано ги крие трагите на насилството на сопругот, зашто тој им е претпоставен на полицајците кои вршат увид. Неодамна и тие ја исфрлиле од сопствениот стан, за да ја исполнат неговата желба, тврди оваа жена.

„Ако треба и ќе те приведиме, ми ги свиткаа двајца полицајци рацете, ме грабнаа под мишки и ме влечеа надвор од станот, јас пружав отпор за да не излегувам, тие ме влечеа и надвор пред вратава од станов, стоеја и децата, а
Ниту сликаа, ниту зедоа записник, ниту пак сакаа да дојде некој старешина што е над мажот ми по чин за да може тој да ја реши ситуацијата. И ова не е прв пат.
пред децата ме фрлија. А, пред тоа ми понуди еден полицаец 100 денари, за да одам каде што сакам.“

Александра вели е немоќна сама да стави крај на затворен круг и отсуство на заштита од полицијата.

„Ниту сликаа, ниту зедоа записник, ниту пак сакаа да дојде некој старешина што е над мажот ми по чин за да може тој да ја реши ситуацијата. И ова не е прв пат. Исто така лани, точно пред една година поради семејно насилство бевме земени во полиција и задржани до 6,30 часот наутро, цела ноќ седевме со децата в полиција, ни зедоа белешки како да сме приведени, уапсени.“
Прилепската полиција до Обвинителството ќе поднесе посебен извештај во кој што кривично ќе ги пријави и двајцата сопружници заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело, семејно насилство.

Наспроти нејзините жалби, од полицијата велат дека двајцата сопружници се виновни и се актери во семејно насилство.

„Прилепската полиција до Обвинителството ќе поднесе посебен извештај во кој што кривично ќе ги пријави и двајцата сопружници заради постоење основано сомнение за сторено кривично дело, семејно насилство“, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, портпарол на СВР-Битола.

Александра побарала помош од Центарот за социјална работа, а од таму велат дека постапките се тајни и не даваат податоци за конкретни случаи. Но, Александра е категорична дека овој пат вистината ќе ја истера на виделина. Случајот го пријавила во Хелсиншкиот комитет за човекови права, а побарала помош и од детската амбасада „Меѓаши“. Таа верува дека еден ден ќе се врати со своите деца во мирен дом.