Недоволното присуство на преработувачки капацитети во Македонија - една од причините што готовите производи ги плаќаме прескапо, велат упатените.
Недоволното присуство на преработувачки капацитети во земјава, е причината поради што, неретко, готовите производи сме принудени да ги купуваме поскапо. Земјоделецот Тоде Лазаевски се жали дека земјоделската работа е макотрпна, а недоволно исплатлива. Според него, во денешно време тешко се наоѓа работна сила која сака да се занимава со земјоделство, а се поочигледно е дека и на преработувачите им се неисплатливи инвестициите во индустриски капацитети.
„Јас ако насадам една фарма да речеме од 10 хектари со пиперски и домати, за да произведам готов производ, со ѓубрива потребни, орање, и да им речам сами да си земат работници за да го соберат, поскапо ќе ги чини отколку јас да го соберам со свои работници и да им го дадам нив. Нема работна рака, јас имам фирма, машини, трактори, не можам работник да земам, 15 илјади денари да му дадам плата, не сакаат да доаѓаат, со социјала три-четири илјади денари поарно им е, плус сега има евтина храна, кинеска евтина облека, едно друго...“
Славчо Јорданов е сопственик на прехранбена индустрија за производство на кечап и мајонез. Тој вели дека многу фабрики што работеле во овој бизнис биле принудени да се затворат, поради напливот на доматно пире одкинескиот пазар.
„Македонија тоа не можеше да го издржи без да го субвенционира своето производство и тоа не само суровината, туку требаше да го субвенционира и мазутот, бидејќи главни чинители врз цената на доматното пире се мазутот и доматот како суровина.“
Според упатените, пак, проблемот е во нерегулираните односи меѓу производителите и откупувачите. Вторите не го вреднуваат трудот на првите, вели деканот на Земјоделскиот факултет во Штип, Илија Каров.
„Нашите трговци и преработувачи го собираат кајмакот и луѓето се разочарани, значи не се во состојба нормален дијалог, нормална соработка помеѓу овие два субјекта, тоа е најголемиот проблем. Мора да се седне, да се разговара. Увозната суровина е се поскапа, двојно поскапа.“
Каров посочува дека е се уште голем бројот на земјоделци чиј род на пиперки од 2009 година, се уште не им е исплатен. Додека, пак, увозната суровина мора веднаш да биде платена, дури и под услов за тоа да се земе кредит, подвлекува професор Каров.
Она на што предупредува е и недоволната свест на производителите да го почитуваат домашниот производ и квалитет.
Нема работна рака, јас имам фирма, машини, трактори, не можам работник да земам, 15 илјади денари да му дадам плата, не сакаат да доаѓаат, со социјала три-четири илјади денари поарно им, плус сега има евтина храна, кинеска евтина облека, едно друго...
„Јас ако насадам една фарма да речеме од 10 хектари со пиперски и домати, за да произведам готов производ, со ѓубрива потребни, орање, и да им речам сами да си земат работници за да го соберат, поскапо ќе ги чини отколку јас да го соберам со свои работници и да им го дадам нив. Нема работна рака, јас имам фирма, машини, трактори, не можам работник да земам, 15 илјади денари да му дадам плата, не сакаат да доаѓаат, со социјала три-четири илјади денари поарно им е, плус сега има евтина храна, кинеска евтина облека, едно друго...“
Славчо Јорданов е сопственик на прехранбена индустрија за производство на кечап и мајонез. Тој вели дека многу фабрики што работеле во овој бизнис биле принудени да се затворат, поради напливот на доматно пире од
Нашите трговци и преработувачи го собираат кајмакот и луѓето се разочарани, значи не се во состојба нормален дијалог, нормална соработка помеѓу овие два субјекта, тоа е најголемиот проблем. Мора да се седне, да се разговара. Увозната суровина е се поскапа, двојно поскапа