Композиторот и инструменталист Оливер Јосифовски, неодамна како плод на тримесечниот престој во Истанбул ја потпиша и музиката за театарската претстава Собирен центар од Душан Ковачевиќ во режија на Нурула Тунџер.
Оливер Јосифовски, по проектите Црвено на Мартин Кочовски, Спиноза на Зоја Бузалкова, Крпен живот на Владо Цветановски, Јане Задрогаз на Коле Ангеловски, Џинот – Учителот на Деан Дамјановски, Хасанагиница на Сашо Миленковски ...и многу други, неодамна, како плод на тримесечниот престој во Истанбул, ја потпиша и музиката за театарската претстава Собирен центар од Душан Ковачевиќ што ја режираше Нурула Тунџер, нам добро познат и како сценограф, кој неколкупати имал можност да работи во Македонија.
„Претставата заедно со таа музика почнав да ја работам кон средината наноември и имав време за проби и пишување музика па потоа ја склопувавме, па допишував делови и на крајот излезе како мјузикл затоа што еден ансамбл пее повеќе пати на музика во претставата.“
Јосифовски дополнува дека воопшто не и се додворувал на тамошната публика туку дека само продолжил да ја следи сопствената развојна линија како автор и она што како музика го има досега сработено со ЉУБОЈНА.
„Не сум видел друг народ освен нашиот и можеби турскиот, кој што толку многу се радуваат на музика, има голема возбуда кога се работи за музика, сите го имаат ЦД-то дома, тоа беше музика во живо, па го слушаат, прераскажуваат со едно големо возбудување.“
Интересно е и тоа што тој во август годинава повторно ќе оди во Истанбул за да со Тунџер, поставувајќи го новиот текст на Ковачевиќ – Живот во тесни чевли, ја завршат трилогијата посветена на овој автор. Ова подразбира дека во рамките на новиот неколкумесечен престој Оливер Јосифовски ќе најде време да ги продолжи и разговорите околу продолжувањето на соработката со Есрим Метин, виолончелист во големиот оркестар на Турската радио-телевизија и еден од тројцата возобновувачи на стариот инструмент ребап. Наедно тоа ќе биде и убава можност за пробив на ЉУБОЈНА на големиот турски дискографски пазар.
„Имаше голем интерес за тоа што го работи Љубојна, па ќе видиме како тоа ќе резултира во иднина. Најверојатно ќе има издание од тоа што го работиме и што го работам.“
Кон ова само уште информацијата дека Јосифовски и неговата ЉУБОЈНА, заедно со бугарскиот виртуоз на кавал Теодосиј Спасов и белградскта пејачка Биља Крстиќ, се учесници на Првиот етно фестивал што ќе се одржи во Скопје на крајот на март годинава.
„Претставата заедно со таа музика почнав да ја работам кон средината на
Претставата заедно со таа музика почнав да ја работам кон средината на ноември и имав време за проби и пишување музика па потоа ја склопувавме, па допишував делови и на крајот излезе како мјузикл.