Ризици од општинските обврзници?

Општинските обрзници кои треба да внесат свеж капитал во општините се меч со две острици, велат експертите и дел од градоначалниците.
Со издавањето на општинските обврзници локалната самоуправа ќе има можност со кредитирање да инвестира во проекти кои се од капитално значење за општината, велат градоначалниците. Експертите предупредуваат дека треба да се внимава на можни злоупотреби од градоначалниците, а
Тоа се уште е новина која ја нема во Македонија, немаме никакво искуство, немаме агенции за рејтинг, не се знае, односно транспарентно не е објавена нивната финансиска ситуација, приходи, расходи... така што секој што ќе купи ќе се најде во ситуација на она што народски се вели мачка во
вреќа.
дополнителен проблем ќе претставува и тоа што во пракса, Македонија нема ефикасни механизми за контрола на задолжувањето со обврзници како и можноста од презадолженост.

Професор Ванчо Узунов вели дека, од друга страна, постои ризик од незаинтересирансот на пазарот за овие обврзници.

„Тоа се уште е новина која ја нема во Македонија, немаме никакво искуство, немаме агенции за рејтинг, не се знае, односно транспарентно не е објавена нивната финансиска ситуација, приходи, расходи... така што секој што ќе купи ќе се најде во ситуација на она што народски се вели мачка во вреќа.“

Градоначалникот на Велес Горан Петров од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека е мала шансата да се направи злоупотреба на парите добиени од обврзниците, затоа што согласноста за издавање обврзници ја дава државата и за да се добие согласност потребно е преоктот на општината да биде оправдан. Тој додава дека очекува заинтересирансот на купувачите за општинските обврзници.
Со законските измени со кои што е овозможено дури и одредени фондови да купуваат обврзници мислам дека минимум заинтересираност ќе има од пензискиот фонд и од другите слични фондови кои имаат законска можност да купуваат обврзници.


„Со законските измени со кои што е овозможено дури и одредени фондови да купуваат обврзници мислам дека минимум заинтересираност ќе има од пензискиот фонд и од другите слични фондови кои имаат законска можност да купуваат обврзници. Секако не се исклучува дека е можно и комерцијалните банки да купуваат, значи во секој случај мислам дека ќе има интерес во зависност од тоа за која општина се работи и за каков проект.“

Професор Ванчо Узунов предупредува на можноста од ризик

Узунов додава дека можноста за презадолжување на општината зависи од реалноста на амбиците на градоначаниците.

„Ако се залетаат и успеат да приберат пари што е многу голема непознаница за тоа дали тие ќе можат туку така да ги продадат тие обврзници и дали сите ќе се затрчаат да ги купуваат, можно е ако соберат пари потоа да ја задолжат општината и тоа да падне на грбот на тие луѓе што живеат во таа општина.“

Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски од опозицискиот СДСМ предупредува и на уште еден можен проблем.

„Одобрување за кредитно задолжување по процедурата на земен долг, ако процедурата од земен долг биде облигација во издавање на обврзници, мислам дека тука повторно ќе има и политика и пристрасност и на некој начин концептот за економскиот развој на општината и автономност во буџетот ќе биде под знак прашање.“