За разлика од бројните коментари на политичките актуелности, на темите од економијата нема ниту еден коментар од посетителите на нашиот веб сајт.
Сигурно сте забележале, почитувани, дека на нашата интернет страна постои рубрика со наслов ’Економија‘. Неделава што измина, во таа рубрика нашите новинари од дописништвото во Скопје пишуваа на повеќе теми од економијата: за новите поскапувања, за изгубените пазари на Блискиот Исток, за тоа кој ќе се офајди ако пак се зголеми цената на нафтата, за проблемите со откупот на тутунот... И, замислете, на текстовите нема ниту еден ваш коментар, за разлика од десетиците коментари на текстовите за тоа дали ќе има или ќе нема вонредни парламентарни, дали ’Бранко‘ ,,и ’Грујо‘ ќе успеат да се договорат, дури, кој ќе победи, какви се новинарите во Радио Слободна Европа и таканатаму.
Тоа ме тера да ја повторам констатацијатадека нашиот народ си сака политика, па дури и да нема што да јаде! „Избори - да или не?“, е текстот на кој слушател потпишан со Саса од Охрид пишува дека „ќе издржиме уште една година, а господин Груевски треба да си ја заврши работата со името, бидејќи за тоа доби најмногу гласови. Најлесно е сега да се повлечеш“, пишува Саса во коментарот.
Владимир Петровски од Скопје е за избори, но само после пописот, а Марјан од Словенија вели: „Избори - во секој случај ДА“, и дава убав предлог, „бившата и сегашната влада да се иселат на Исток од Нов Зеланд барем на три месеци за да може народот на мира да си ги среди мислите од силните ветувања, да се приземји па дури тогаш на гласање, со Господ на помош...“
Слушател потпишан со 3Г од Ливерпул смета дека не требало да се дозволи ретрограден процес со понатамошна партизација на државата со тоа што во изборните комисии ќе се избирале партиски членови на СДСМ. „Тоа не само што ќе го повампири СДСМ, туку и ќе ја уништи надежта за департизирана европска администрација и држава“. Читачот на пораките овде става чуденка и прашалник.
Интересна е комуникацијата преку пораки на некој потпишан како Студент и на Јован Саздов во врска со нашиот прилог „Сите сакаат избори, но...“. Студентот смета дека во Слободна Европа (мисли на нашево Радио) - нема слобода за Македонија, дека редакцијата интервјуира само „ваши луѓе“, како што пишува, дека прилозите се тенденциозни. Јован Саздов му реплицира на Студентот дека Радио Слободна Европа интервјуира и експерти што имаат вмровски ставови, и пишува: „Млад човеку, кога ќе прочиташ опозициски став во Вечер, Сител, Канал 5 и МРТ и на еден куп сајтови како јајце на јајце вмровски - тогаш јави се. Заблагодари им се на овие што ги плукаш, а те објавуваат. Тоа е затоа што се слободни демократи; јас стопати сум пишал на вмровските сајтови и ни збор не ми објавиле затоа што се плашат од лидерот. Срамота!“, коментира Јован Саздов.