Серијата настапи на македонските скијачи на врвните меѓународни натпревари наредниве три недели ќе ја продолжат нордијците и биатлонците.
Тие во изминативе четири месеци вредно се подготвуваа за учество на три Светски првенства. Оценката за сработеното е позитивна, иако селекторот Ѓоко Динески не крие дека, поради проблемот со немањето доволно снег, имаше мал застој во работата и пад на формата кај дел од репрезентативците.
„Сето тоа е надминато и еве последниот тест на Мавровскиот меморијал покажа дека нашите натпреварувачи повторо се во нагорна линија и мислам дека на светските првенства нивната форма ќе биде најдобра ќе направат добри резултати“, изјави Динески.
Тој од понеделникот е во Осло, на нордиското СП во чии рамки в четврток на спринтот на 1.200 метри ќе настапат шест наши репрезентативци. Тоа се Соте Андреевски, Тони Станоески, Тошо Станоески, Андреј Петров, Росана Кироска и Ана Ангелова. Станува збор за нордијци од 18 и 20 години за кои собирот на најдобрите во светот е шанса за стекнување меѓународно искуство. Затоа во Норвешка заминаа без резултатски императив.
„Да ги постигнат своите најдобри бодови и секако дека со тоа ќе се надминат себе си. Ова е млада екипа и од натпревар во натпревар очекувам данапредуваат и ако го постигнат тоа за нас ќе биде успех“, додаде Динески.
Неговите очекувања се многу поголеми од олимпијците Дарко Дамјаноски и Ѓорѓи Ицоски, кои во изминатите 3-4 месеци, по пет пати ја исполнија олимписката норма. Тоа говори дека се во добра форма, која неделава ќе треба да ја потврдат на биатлонското армиско СП во Сараево, а потоа и на Мундијалот кој во првата половина на наредниот месец ќе се одржи во рускиот Хантимансиск. Кормиларот верува дека неговите избраници ќе одговорат на предизвикот, имајќи го предвид актуелниот рејтинг:
„За нас одличен резултат би бил нашите натпреварувачи да возат под 15% заостанување зад првиот натпреварувач, некаде да бидат во средината на табелата на оние пласмани и секако со тој резултат што би го направиле тие би ја потврдиле својата норма за светски куп и нормата што им е поставена од Скијачката федерација на Македонија“, истакна селекторот на македонската нордиска и биатлон репрезентација, Ѓоко Динески.
Сето тоа е надминато и еве последниот тест на Мавровскиот меморијал покажа дека нашите натпреварувачи повторо се во нагорна линија и мислам дека на светските првенства нивната форма ќе биде најдобра ќе направат добри резултати.
„Сето тоа е надминато и еве последниот тест на Мавровскиот меморијал покажа дека нашите натпреварувачи повторо се во нагорна линија и мислам дека на светските првенства нивната форма ќе биде најдобра ќе направат добри резултати“, изјави Динески.
Тој од понеделникот е во Осло, на нордиското СП во чии рамки в четврток на спринтот на 1.200 метри ќе настапат шест наши репрезентативци. Тоа се Соте Андреевски, Тони Станоески, Тошо Станоески, Андреј Петров, Росана Кироска и Ана Ангелова. Станува збор за нордијци од 18 и 20 години за кои собирот на најдобрите во светот е шанса за стекнување меѓународно искуство. Затоа во Норвешка заминаа без резултатски императив.
„Да ги постигнат своите најдобри бодови и секако дека со тоа ќе се надминат себе си. Ова е млада екипа и од натпревар во натпревар очекувам да
За нас одличен резултат би бил нашите натпреварувачи да возат под 15% заостанување зад првиот натпреварувач.