Тој ќе учествува на Мундијалот во германскиот Гармиш-Партенкирхен, каде треба да биде дел, прво од квалификациските, а потоа се надеваме и од финалните натпревари во велеслалом и во слалом. Премиерниот настап, на подолгата патека, е на 17-ти февруари, а слаломот два дена подоцна. Тогаш ќе видиме дали беа реални очекувањата пред се да обезбеди учество на главната трка, односно да биде најмалку 25-ти во квалификациите. Ристевски не се сомнева во тоа, а оптимизмот му го подгрева добрата форма.
„Подготовките се одвиваа во најдобар ред досега, од почетокот на сезоната, формата ја темпиравме за овој февруарски период, бидејќи тука ни беа исите можни натпревари. Секако СП ни е најважен натпревар. Мислам дека ја имам потребната форма и дека се ќе биде како што треба.“
Ристевски не го плашат информациите дека патеките на кои се натпреварува светската елита се екстремно брзи, а со тоа и опасни. Поради тоа неколку врвни имиња, предводени од сезонава најдобриот - Ивица Костелиќ, го редуцираа бројот на настапите во Гармиш-Партенкирхен и заминаа на неколкудневен одмор. Тоа потврдува дека скијачите ги очекуваат големи искушенија, што сепак, ни малку не ја намалува самоувереноста на нашиот најголем адут.
„Не стравувам од тоа бидејќи јас ќе настапам во велеслалом и во слалом, тие се технички дисциплини, немаат некоја голема брзина, а сепак подлогата е ледена на сите такви натпревари. Така што не стравувам многу, подлогата е како и секаде, само треба да се искија како што треба.“
Ристевски не крие дека има поголеми амбиции од само учеството во финалните трки. Тоа за него се подразбира, па затоа кога е во прашање конечниот пласман:
„Задоволни ќе бидеме и барањата се да влезам во првите 30, особоено во слалом и мислам дека можам да го направам тоа“, истакна Антонио Ристевски.
Инаку, на СП кое што започна пред 10 дена, а завршува в недела, Македонија ќе биде претставена и од Дардан Дехари. Очекувањата од него се поскромни, но селекторот Иван Лесевски, верува дека и тој може да биде барем меѓу 100-те финалисти во двете технички дисциплини.
„Подготовките се одвиваа во најдобар ред досега, од почетокот на сезоната, формата ја темпиравме за овој февруарски период, бидејќи тука ни беа и
Задоволни ќе бидеме и барањата се да влезам во првите 30, особено во слалом и мислам дека можам да го направам тоа.
Ристевски не го плашат информациите дека патеките на кои се натпреварува светската елита се екстремно брзи, а со тоа и опасни. Поради тоа неколку врвни имиња, предводени од сезонава најдобриот - Ивица Костелиќ, го редуцираа бројот на настапите во Гармиш-Партенкирхен и заминаа на неколкудневен одмор. Тоа потврдува дека скијачите ги очекуваат големи искушенија, што сепак, ни малку не ја намалува самоувереноста на нашиот најголем адут.
„Не стравувам од тоа бидејќи јас ќе настапам во велеслалом и во слалом, тие се технички дисциплини, немаат некоја голема брзина, а сепак подлогата е ледена на сите такви натпревари. Така што не стравувам многу, подлогата е како и секаде, само треба да се искија како што треба.“
Ристевски не крие дека има поголеми амбиции од само учеството во финалните трки. Тоа за него се подразбира, па затоа кога е во прашање конечниот пласман:
Не стравувам од тоа бидејќи јас ќе настапам во велеслалом и во слалом, тие се технички дисциплини, немаат некоја голема брзина.