Фуере си заминува

Карикатура - подарок за заминување на Фуере

На крајот од мандатот, евроамбасадорот Фуере изјави дека си оди од Македонија како нејзин пријател. Власта му подари карикатура и порача дека недостигало уште да излезе од фрижидер.
Евроамбасадорот Ерван Фуере на средбата со вицепремиерот за евроиинтеграции Васко Наумовски во Владата на крајот од неговиот мандат, изјави дека од земјава си заминува како нејзин пријател. Сакаме да ја исполниме целта која си ја поставила земјата, а тоа е да се приклучи на ЕУ, рече Фуере додавајќи дека и неговиот наследник ќе продолжи да ја зајакнува соработката:

Беше и со политичарите, и со невладиниот сектор, со медиумите, со бизнис заедницата, беше и со студентите и со средншколците, кроеше лозје, пливаше по бурето во Охрид, и многу мина ми рекоа амбасадорот Фуере недостига уште да ни излезе од
фрижидерот.


Евроамбасадорот Ерван Фуере го заврши својот мандат во Македонија

„Во некои ситуации јас упатував критики, некогаш и построги, но тоа беше сторено со најдобра намера за да дадам совети на владата во процесот на интеграцијата како секоја добар пријател“, изјави Фуере.

Од вицепремиерот Васко Наумовски, евроамбасадорот доби пофалби како најголем пријател на земјава и подржувач на нејзиниот пат кон полноправно членство кон ЕУ, а му подари и карикатура со неговиот лик:

„Беше и со политичарите и со невладиниот сектор, со медиумите, со бизнис заедницата, беше и со студентите и со средншколците, кроеше лозје, пливаше по бурето во Охрид и многумина ми рекоа амбасадорот Фуере недостига уште да ни излезе од фрижидерот.“

Евроамбасадорот Ерван Фуере во Македонија помина пет години, а си заминува во март. Иако продолжениот манадат му истекуваше во септември минатата година комисијата го продолжи неговиот престој. Од македонските политичари, освен што добиваше пофалби, добиваше и критики за својата работа. Евроамбасадорот отворено ја критикуваше владата за одредени постапки, пред се во застојот на политичкиот дијалог и демократизацијата.