Премиерот знае што да очекува во врска со темите кои ние ќе ги покренеме, изјави помошникот државен секретар на САД.
Утврдување на агендата за официјалната посета на премиерот Никола Груевски во Вашингтон била целта на посетата на помошник државниот секретар на Соединетите Американски Држави Томас Кантримен, кој инаку потврдно одговори на прашањето дали за време на средбата била спомената загриженост за состојбите во земјава. Запрашан дали на шефот на Владата му упатил предупредувања за сето оноа што во последно време се случува во Македонија, Кантримен одговара:
„Најпрвин, јас не предупредувам премиери. Ние дискутиравме за нашата загриженост која веќе ви е позната: во врска со прашања кои се рефлектираат на владеењето на правото и слободата на медиумите. Тие се јасно напишани во нашиот извештај за човековите права. И европската унија јасно ги наведува во новните извештаи за напредок.“
По средбата со премиерот, кој не беше достапен за изјава, Кантримен рече дека и двете страни се информирале околу тоа за што ќе се разговара воВашингтон.
„Премиерот знае што да очекува во врска со темите кои ние ќе ги покренеме, а сега и ние имаме добра претстава за прашањата кои тој ќе ги покрене.“
Запрашан дали стабилноста во регионот е загрозена, заменик државниот секретар на САД рече дека постои загриженост за состојбата во Албанија.
„Но, Албанија, Македонија и Србија се различни земји. Корените на различните проблеми со кои се соочуваат се домашни и не се поврзани едни со други.“
Премиерот и помошник државниот секретар разговарале и за спорот со името.
„Многу е тешко да се дојде во Скопје а да не се зборува за спорот со името. Соединетите Американски Држави не се инволвирани во преговорите. Го поздравуваме фактот што двајцата премиери неколку пати се сретнаа и директно и уверено зборувале за прашањето. И понатаму се надеваме дека овој процес ќе добие разрешница, но не правиме предвидувања и не застануваме во средина на процесот.“
По средбата со премиерот, Кантримен замина на средба со лидерот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски, по што е предвидено да разговара со првиот човек на ДУИ Али Ахмети.
„Најпрвин, јас не предупредувам премиери. Ние дискутиравме за нашата загриженост која веќе ви е позната: во врска со прашања кои се рефлектираат на владеењето на правото и слободата на медиумите. Тие се јасно напишани во нашиот извештај за човековите права. И европската унија јасно ги наведува во новните извештаи за напредок.“
По средбата со премиерот, кој не беше достапен за изјава, Кантримен рече дека и двете страни се информирале околу тоа за што ќе се разговара во
Ние дискутиравме за нашата загриженост која веќе ви е позната: во врска со прашања кои се рефлектираат на владеењето на правото и слободата на
медиумите.
„Премиерот знае што да очекува во врска со темите кои ние ќе ги покренеме, а сега и ние имаме добра претстава за прашањата кои тој ќе ги покрене.“
Запрашан дали стабилноста во регионот е загрозена, заменик државниот секретар на САД рече дека постои загриженост за состојбата во Албанија.
„Но, Албанија, Македонија и Србија се различни земји. Корените на различните проблеми со кои се соочуваат се домашни и не се поврзани едни со други.“
Премиерот и помошник државниот секретар разговарале и за спорот со името.
„Многу е тешко да се дојде во Скопје а да не се зборува за спорот со името. Соединетите Американски Држави не се инволвирани во преговорите. Го поздравуваме фактот што двајцата премиери неколку пати се сретнаа и директно и уверено зборувале за прашањето. И понатаму се надеваме дека овој процес ќе добие разрешница, но не правиме предвидувања и не застануваме во средина на процесот.“
Многу е тешко да се дојде во Скопје а да не се зборува за спорот со името.