Достапни линкови

Се сретнаа ама не се договорија


Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов
Лидерска средба кај претседателот Ѓорге Иванов

Лидерската без договор. Власта не прифаќа „недомократски“ барања. Опозицијата и натаму ќе го бојкотира Парламентот.

Лидерската средба заврши без резултати. Партиите од опозицијата оценија дека власта нема слух за дебата, премиерот вели дека разговарале две групи кои како да живеат во различно врме, претседателот на собранието е разочаран од тоа што е блокиран дијалогот во Парламентот,
Токму затоа што тој ја донесе политичката одлука, и се замеша во независноста на судството сега е одговорен да се надмине целата
ситуација.
а единствено претседателот на земјата Ѓорге Иванов средбата ја оцени како конструктивна.

Партиите од опозицијата кои неодамнa го напуштија Собранието остануваат на став да продолжат со бојкотот на институцијата, се додека не им се исполнат барањата. Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски вели дека нивен предуслов било да се реши проблемот со фирмите од Перо Наков, за кој опозицијата смета дека е проблем кој започна со политичка одлука на премиерот Груевски.

Премиерот Никола Груевски

„Токму затоа што тој ја донесе политичката одлука, и се замеша во независноста на судството сега е одговорен да се надмине целата ситуација. Тоа јасно им го соопштивме и уште еднаш повторивме дека тоа е предуслов за воопшто да се разговара за другите прашања и евентуалното наше враќање во Собранието.“

Што се донесува до изборите, Црвенковски вели дека и денеска да бидат распишани предвремени избори, првин е потребно да бидат исполнети одредени предуслови, како што е измената на изборниот закон и да се прочисти изборниот список.
Имаат страв да не случајно власта сама одлучи да организира предвремени избори и затоа навреме наоѓаат причини, наоѓаат начини да се повлечат од Парламентот и да испорачаат такви улови и предуслови кои што никој не може да ги исполни.
Лидерот на СДСМ вели дека за исполнување на нивните барања се потребни само неколку денови, се разбира доколку се има добра волја.

Премиерот Никола Груевски, пак, вели дека предусловот кој го поставила опозицијата да се одмрзне сметката на А1 телевизија и да се ослободат протворените од Пајажина се праќа на погрешна адреса. Тоа е барање за судот, а не за Парламентот. Груевски вели дека опозицијата не ги поставува своите барања за да има предвремени избори, туку за да се избегнат истите.

„Односно имаат страв да не случајно власта сама одлучи да организира предвремени избори и затоа навреме наоѓаат причини, наоѓаат начини да се повлечат од Парламентот и да испорачаат такви улови и предуслови кои што никој не може да ги исполни доколку не сака да го прекрши законот и уставот.“

Претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски на 11 конгрес на партијата

Премиерот вели дека нема намера да влијае врз судот за да се смени судската одлука.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски вели дека е разочаран и запраша што е виновно Собранието за да биде бојкотирано.

„Никако не сакам и не смеам да дозволам како претседател на Собрание, да биде заложник Собранието како една од гранките на власта на другата власт, како што е например судската власт.“
Не смеам да дозволам како претседател на Собрание, да биде заложник Собранието како една од гранките на власта на другата власт, како што е например судската власт.

На средбата, лидерот на ДУИ Али Ахмети не побарал збор, ниту дал некој коментар. Тој не даде ни изјава по завршувањето на лидерската. Претседателот на НД Имер Селмани оцени дека власта нема чуство за дебата и за барањата на Албанците.

Единствено претседателот Ѓорге Иванов средбата ја оцени како позитивна и рече дека не секоја дебата мора да заврши со решенија.

За да се надмине политичката криза, власта очекува опозицијата да се врати во Парламентот и таму да разговараат за сите отворени прашања. Претседателот Иванов предложил да се формира собрансика анкетна комисијаја која треба да работи на сите отворени прашања кои се значајни за Собранието, но опозицијата не го прифатила предлогот, затоа што според нив анкетните комисии досега не дале резултати.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG