Редовни консултации кај претседателот на Србија Борис Тадиќ или мешање во внатрешните работи на соседните земји?
Претседателот на Србија Борис Тадиќ свика состанок во Белград на претставници на Србите од околните држави, на кој ќе се разговара за положбата на Србите во регионот. Властите во Подгорица оценија дека овој состанок е продолжение на мешањето на официјален Белград во внатрешните работи на Црна Гора.
Потпретседателот на партијата Нова српска демократија, која дејствува во Црна Гора, Горан Даниловиќ и еден од учесниците на состанокот во Белград, смета дека одржувањето на такви консултации е и политичка и морална обврска на Србија.
„Природно е политичките претставници на Србите од регионот одвреме-навреме да се состануваат. Задоволни и напредни Срби во регионот, значи задоволни и напредни земји во регионот.“
На прашањето дали очекуваат каква било помош од Србија, посебно во врска со престојниот попис во Црна Гора, за кој Белград искажува големо интересирање, Ранко Кадиќ од Демократската српска партија вели:
„Ќе ве потсетам на она што претседателот Тадиќ го кажа, дека ако дојде до нагла промена на бројот на Србите во Црна Гора, тоа ќе биде сигнал дека им се заканува асимилација. Имаме податоци од теренот дека се врши притисок врз луѓето. Во Белград ќе разговараме за ситуацијата не само во Црна Гора, туку и во другите земји во регионот.“
Србија се меша во внатрешни работи на соседните земји?
Властите во Црна Гора остро го критикуваат заминувањето на претставници на Србите од регионот, на состанок во Белград. Миодраг Вуковиќ од Демократската партија на социјалистите оценува дека тој состанок не е случаен токму пред одржувањето на пописот.
„Станува збор за софистицирани облици на притисок од Белград врз независна Црна Гора, обид тоа да се постигне со вознемирување на јавноста. Заминувањето на некои луѓе на состанок во Белград покажува дека некои од лидерите на српските национални партии не ја доживуваат Црна Гора како своја држава, за нив Србија е се уште матична земја.“
И Рашко Коњевиќ од Социјал-демократската партија оценува дека официјална Србија се меша во внатрешните работи на Црна Гора, а дел од опозицијата продолжува со деструкцијата на граѓанскиот концепт на државата.
„Граѓаните на Црна Гора и сите нејзини политичари треба да ги дефинираат своите приоритети и заеднички да ги решаваме оние проблеми што се од значење за Црна Гора, а не некој од страна да ни зборува што се наши приоритети.“