Сите имаат услови за враќање во Собранието

Архива: Лидерска средба на 8 април 2010

Претседателот Ѓорге Иванов попладнево организира лидерска средба на која се поканети претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и лидерите на парламентарните политичките партии. На средбата ќе се разговара за надминување на парламентарната криза до која дојде откако речиси целата опозиција го напушти Собранието.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ по лидерската средба ќе одлучува за барањата на СДСМ за враќање во Парламентот. Власта сака лично од Црвенковски да ги чуе барањата на СДСМ. Поради тоа, владејачката партија го одложи за по лидерската средба, состанокот на Извршниот комитет на партијата што требаше да се одржи вчера.

Премиерот Никола Груевски викендов оцени дека излегувањето на
Фокусиран е на неговата партија без да ги гледа интересите на државата, меѓутоа она што ќе се случи е што одлуката ќе биде штетна и за неговата
партија.
опозицијата од Собранието е штетно за државата и оти е грубо кршење на демократски процеси. Според него, СДСМ немал вистинска причина за излегување од Собранието. Груевски директно го обвини Црвенковски дека намерно создава криза во земјата.

„Фокусиран е на неговата партија без да ги гледа интересите на државата, меѓутоа она што ќе се случи е што одлуката ќе биде штетна и за неговата партија.“

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски му ја честита изборната победа во 2008 година на премиерот Никола Груевски

По состанокот на Централниот одбор на партијата викендов, СДСМ постави неколку услови за да се врати во Собранието. Тие бараат непречено и нормално функционирање на сите медиуми во земјава, „а поради актуелната ситуација, особено на А1, А2, Време, Шпиц и Коха е ре“.
Социјалдемократите бараат отстранување на министерот за правда Михајло Маневски од Судскиот совет, донесување Закон за медиумски кампањи со кој буџетските пари рамномерно ќе се распределат на сите медиуми, консензуални измени на Изборниот закон со вклученост на ОБСЕ и ОДИХР и да се формира Собраниска комисија за прочистување на избирачкиот список на паритетна основа.

Лидерот на партијата Бранко Црвенковски, во синоќешното гостување на А1 телевизија, рече дека единствен демократски начин да се излезе од кризата се предвремени, фер и демократски парламентарни избори, но претходно бара да се создадат услови за тоа.
Кога имате недемократска власт постојат сериозни индиции дека може да имате и недемократски избори. Овие услови што ние ги бараме не се гаранција дека нема да има изборен фалсификат, меѓутоа тој ризик го сведуваат на минимум.


„Кога имате недемократска власт постојат сериозни индиции дека може да имате и недемократски избори. Овие услови што ние ги бараме не се гаранција дека нема да има изборен фалсификат, меѓутоа тој ризик го сведуваат на минимум.“

Со свои барања, на средбата ќе настапи и лидерот на Нова демократија Имер Селмани. Тој најави дека ќе побара одлучување по бадентер во Уставниот суд и Судскиот совет, прекинување на изградбата на црквата на Кале и измени на Законот за попис. И тој бара предвремени избори.

Претседателот на Нова демократија Имер Селмани

„Ова е можеби една од последните шанси на претседателот да докаже не само дека има иницијатива, туку и дека може да посредува при изнаоѓање на решенија, при вакви комплицирани состојби, каде што дефинитивно нашата држава е во политичка криза.“

Лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи се согласува дека единствен излез од ваквата состојба се предвремените избори, но најави дека нема да учествува на средбата кај претседателот Иванов. Тачи вели дека би присуствувал на лидерска средба, но само со лидерите на најголемите политички партии.
Ова е можеби една од последните шанси на претседателот да докаже не само дека има иницијатива, туку и дека може да посредува при изнаоѓање на решенија, при вакви комплицирани состојби, каде што дефинитивно нашата држава е во политичка криза.

„Спремен сум да учествувам на таква средба на четирите лидери на најголемите политички партии, но под мал подуслов – да се знае агендата.“

Во владејачката ДУИ претходно се изјаснија дека на земјава не и се потребни избори, но оти би прифатиле предвремени избори, ако за тоа се постигне консензус.

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, холандската амбасадорка Симоне Филипини порача дека е крајно време за сите партии да најдат заеднички јазик и да почнат суштинска дискусија.