Нема причини за барање одговорност, ни изјави претседателската на Основниот суд Скопје Еден Лидија Неделковска во врска со тоа што бремената приведеничка во случајот Пајажина, го загубила детето. За експертите пак одговорноста на судиите е поголема, бидејќи ја знаеле нејзината состојба.
Загубата на детето на притвореничката од случајот „Пајажина“ не смее да помине неказнето, и со овој случај треба да се позанимаваат сите релаванти институции, порачуваат експертите.
Пред само неколку денови судиите и втор пат и го продолжија притворот на жената, притоа не земајќи ги предвид правилата за одредување притвор. Мерката за продолжување ја одредува истражниот судија, а кривичниот совет го продолжи притворот.
На чело на советот е судијата Јани Нича, а токму во прирачникот за примена на мерката притвор,на кој еден од авторите е токму тој, се наведува дека мерката притвор може да биде заментета со куќен притвор кога постојат објективни причини меѓу кои и бременост на притворената. Истражниот судија Владимир Туфегџиќ ни изјави дека веќе нема да дава изјави поврзани со случајот „Пајажина“ и дека за тоа е задолжена претседателката на Основниот суд Скопје 1 Лидија Неделкова.
„Ние размислуваме и будно ја следевме состојбата на оваа бремена жена, меѓутоа тоа е еден несреќен склоп на околности. Ние сме размислувале сериозно и далеку од тоа дека некој треба да мисли дека нашата намера е да ги држиме со ваква мерки луѓето, има и други мерки. Судските одлуки се донесени согласно законот и не знам зошто некој гледа причина за одговорност“, изјави Неделкова за Радио Слободна Европа.
Во прирачникот за примена на притворот се наведува и дека „леснотијата со која се определува мерката притвор наведува на размислување дека на моменти се заборава сериозноста, суровоста и неизвесноста кои во себе ги содржи притворот. Еден од авторите на прирачникот е и судијкатаМаргарита Цаца Николовска. Таа вели дека овој случај треба да се разгледува од аспект на хумано или нехуено однесување со притворената:
„Значи тие знаеле за нејзината состојба, дека таа има потреба од лекови, така што не знам дали затворот било соодветна институција за да остане таму или требало да биде префрлена во здравствена установа која исто така дозволува некој притворски режим.“
Активистот за човекови права Мирајна Најчевска вели дека ова е само врвот на една пирамида во која се измешани неодговорноста и независноста на судството:
„Имено ова е резултат на едно потполно неразбирање на мерката притвор, на нејзино самоволно и безпричинско изрекување во најголема можна мерка и во се она што се вика потполна неодговорност на судиите за своите активности.“
Во резолузијана на ОН за Зајакнување на превенција од криминал и насилството врз жените во член 10 се наведува дека земјите-членки треба да ги земат предвид посебните потреби и ранливоста на жените во рамките на кривичниот и правосудниот систем, особено бремените жени кои се во притвор, а при постпувањето треба да се земат предвид релевантните меѓународни стандарди и норми. Експертите препорачуваат во целиот случај да се вклучат сите институци надлежни за ова и да се испита не само овој случај туку целото непочитување на правдата.
Пред само неколку денови судиите и втор пат и го продолжија притворот на жената, притоа не земајќи ги предвид правилата за одредување притвор. Мерката за продолжување ја одредува истражниот судија, а кривичниот совет го продолжи притворот.
На чело на советот е судијата Јани Нича, а токму во прирачникот за примена на мерката притвор,
Ние размислуваме и будно ја следевме состојбата на оваа бремена жена, меѓутоа тоа е еден несреќен склоп на околности. Ние сме размислувале сериозно и далеку од тоа дека некој треба да мисли дека нашата намера е да ги држиме со ваква мерки
луѓето.
„Ние размислуваме и будно ја следевме состојбата на оваа бремена жена, меѓутоа тоа е еден несреќен склоп на околности. Ние сме размислувале сериозно и далеку од тоа дека некој треба да мисли дека нашата намера е да ги држиме со ваква мерки луѓето, има и други мерки. Судските одлуки се донесени согласно законот и не знам зошто некој гледа причина за одговорност“, изјави Неделкова за Радио Слободна Европа.
Во прирачникот за примена на притворот се наведува и дека „леснотијата со која се определува мерката притвор наведува на размислување дека на моменти се заборава сериозноста, суровоста и неизвесноста кои во себе ги содржи притворот. Еден од авторите на прирачникот е и судијката
Имено ова е резултат на едно потполно неразбирање на мерката притвор, на нејзино самоволно и безпричинско изрекување во најголема можна мерка.