Процесот на децентрализација и имплементацијата на Рамковниот договор позитивно влијаат врз подобрувањето на меѓуетничките односи во Македонија.
Оваа оценка е изнесена на средбата што се одржа во Дебар на тема „Децентрализацијата и управувањето во мултиетнички средини“. Особено позитивно влијание во меѓуетничките односи има и традицијата на соживот во овие средини.
„Многу е лесно да се согледа дека во општина Дебар како место каде што секогаш имало добри односи и соживот на етничките групи, бидејќи соживотот традиционално влијае во атмосферата и во начинот на кој се решаваат работите во интерес на оваа област. Друг пример е Гостивар, каде што иако нема законски обврски, самите општински власти имаат донесено одлука за примена и на турскиот јазик покрај македонскиот и албанскиот на локално ниво. Тоа е високо ниво на доверба“, оценува Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис.
Хајрие Реџепи од здружението „Заеднички вредности“, по одржаните средби во Скопје во општина Чаир, потоа Тетово, Гостивар и во Дебар, вели дека се подобрува меѓуетничката доверба во земјава.
„Со процесот на децентрализација и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор во Македонија, правата на етничките заедници се на позадоволително ниво. Во мултиетничките општини постои доверба меѓуетничките заедници.“
Дебарскиот градоначалник Аргетим Фида го посочува Дебар како пример за соживот, но воедно вели дека почитувањето на законите во оваа сфера треба да биде иста во сите општини, без разлика која од етничките заедници е во мнозинство, а која во малцинство:
„Во Дебар и без да бидат донесени законите во оваа сфера, нашите дедовци и татковци имаа најдобри меѓунационални односи во Македонија. Со соседите од другите етнички зедници имало и има мошне добри односи. Но, за жал кога може град Скопје да го применува законот за двојзичност и да биде и албанскиот јазик службен јазик, во некои помали општини каде што има над 20 насто Албанци се уште не се воведува двојазичноста. Затоа го поставувам и прашањето, важи ли законот за сите општини? Затоа позитивната енергија што ја имаме во Дебар треба да биде присутна и во одредени општини од земјава“, вели Фида.
Во подобрувањето на односите меѓу етничките заедници позитивно влијание имаат и бројните проекти за соживот што се реализираат од страна на невладините организации на локално ниво, беше речено на средбата во Дебар.
Во општина Дебар како место каде што секогаш имало добри односи и соживот на етничките групи, бидејќи соживотот традиционално влијае во атмосферата и во начинот на кој се решаваат
работите.
„Многу е лесно да се согледа дека во општина Дебар како место каде што секогаш имало добри односи и соживот на етничките групи, бидејќи соживотот традиционално влијае во атмосферата и во начинот на кој се решаваат работите во интерес на оваа област. Друг пример е Гостивар, каде што иако нема законски обврски, самите општински власти имаат донесено одлука за примена и на турскиот јазик покрај македонскиот и албанскиот на локално ниво. Тоа е високо ниво на доверба“, оценува Филип Стојановски од Фондацијата Метаморфозис.
Хајрие Реџепи од здружението „Заеднички вредности“, по одржаните средби во Скопје во општина Чаир, потоа Тетово, Гостивар и во Дебар, вели дека се подобрува меѓуетничката доверба во земјава.
„Со процесот на децентрализација и имплементацијата на Охридскиот рамковен договор во Македонија, правата на етничките заедници се на позадоволително ниво. Во мултиетничките општини постои доверба меѓу
Во Дебар и без да бидат донесени законите во оваа сфера, нашите дедовци и татковци имаа најдобри меѓунационални односи во Македонија.