И покрај постоењето на институции и организации кои се надлежни за подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка, сепак постојат недостатоци кои ја попречуваат соработката меѓу заедниците во земјата. Ова е дел од заклучоците на извештајот изработен од УНДП во соработка со Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор за тоа какви се капацитетите на институциите за зајакнување на меѓуетничкиот дијалог. Проектот се спроведувал во Куманово, Кичево и Струга, а учесниците кои работеле на проектот заклучиле дека постои јаз во законската сфера и недоволен капацитет законите да се спроведат во практика. Весна Џунтевска од УНДП вели дека треба поголема соработка меѓу институциите, политичарите, граѓанскиот сектор и бизнис заедницата за подобрување на дијалогот. Во извештајот е нотирана потребата од јакнење на Комисијата за соработка меѓу заедниците, вели Џунтевска:
„Сепак, перцепција е дека овие комисии ретко обезбедуваат советодавни, превентивни и реактивни препораки. Меѓуетничките прашања и спорови пред се се насочуваат кон локалните политички лидери, обично градоначалниците, а не до Комсиите.“
Вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор Абдулаќим Адеми вели постојат реални услови да се идентификуваат и елиминираат сите причини кои создаваат јаз меѓу двата етникуми, кои пред 9 години ја преживуваа 2001-та.
„Секретаријатот за имплементација на Охридскиот рамковен договор и сите други институции опфатени со проектот се директни сведоци дека се разјаснуваат многуте причини кои создаваат конфликти меѓу заедниците а истовремено сакаме да создадеме еден патоказ како да изградиме општество со вредности и взаемно разбирање.“
Врз основа од препораките од извештајот, ОН ќе започнат низа активности за зајакнување на меѓуетничката соработка, меѓу кои и давањето грантови за граѓански организации кои треба да работат за зголемување на соработката. Претставниците на невладините согласни дека можат да бидат клучни во деблокирање на одредени проблеми за кои локалната власт е немоќна. Стефан Маневски од Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово вели дека тие се обидуваат да ја зголемат видливоста на Комисијата за односи меѓу заедниците во градот.
„Комисијата за односи меѓу заедниците во општина Куманово која што со нашето истражување во градот, свативме дека односите меѓу заедниците ги има сватено на многу ограничен начин односно сакаме да го прошириме спектарот на работа на самата Комисија.“
Целта на проектите е да се зајакне работата на институциите за да може на мирен начин да се разрешуваат конфликтите и да се почитуваат различностите Програмата е финансирана од Владата на Шпанија преку Фондот за остварување на Милениумските развојни цели.
Сепак перцепција е дека овие комисии ретко обезбедуваат советодавни, превентивни и реактивни препораки. Меѓуетничките прашања и спорови пред се се насочуваат кон локалните политички лидери, обично градоначалниците, а не до Комсиите.