Партиите од опозицијата не учествуваат на собраниската седница посветена на телевизија А1 и случајот Перо Наков бб.
И во СДСМ и од Нова демократија не го прифаќаат предлогот на собранискиот спикер Трајко Вељаноски и велат дека таквиот обид е глумење демократија. Од СДСМ велат дека тие јасно ги навеле причините поради кои се одлучиле на бојкот и се додека тие причини се на сила, СДСМ ќе остане надвор од Собранието. Секретарот на СДСМ Андреј Петров вели дека свикувањето на денешната седница е само лициемерие и несвесност на власта за ситуацијата во земјата.
„Денешната седница е крајна перверзија на владејачкото мнозинство и покажува дека тие не само што не ја извлекуваат поуката, туку уште ја продлабочуваат кризата. Луѓето кои два месеца одбиваат да дојдат на анкетната комисија која треба да го истражи случајот, наеднаш им текна преку ноќ за другиот ден да закажат итна седница на собранието на Македонија.“
Повод за бојкотот на СДСМ беше токму А1, односно судската блокада на сметките на телевизија и на дневните весници кои излегуваат на истата адреса.
На денешната седница свое обраќање ќе имаат надлежните министерства и органи кои треба да достават комплетни информации за случајот „Перо Наков бб“.
Пратениците од власта очекуваат врз основа на понуденитеинформации да донесат заклучоци за ситуацијата со А1. Пратеникот Петар Поп Арсов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ вели дека на седницата треба да присуствуваат и пратениците од опозицијата за да може да се разгледаат сите состојби, да се вкрстат аргументите и фактите за да се изгради став и да се донесе заклучок.
„СДСМ го напушти работењето на Собранието меѓу другото и поради случувањата околу А1. Сметам дека оваа седница е добра причина СДСМ да се врати назад и тука да ги разгледуваме и да дискутираме по сите отворени прашања во Република Македонија.“
И од коалицискиот партнер ДУИ сметаат дека е битно да се дебатира за состојбата во медиумите.
„Битно е дека ќе се отвори расправа за случувањата во медиумите и после дебатата во Парламентот ќе видиме кои заклучоци ќе се донесат“, вели пратеникот Тахир Хани од ДУИ.
Луѓето кои два месеца одбиваат да дојдат на анкетната комисија која треба да го истражи случајот, наеднаш им текна преку ноќ за другиот ден да закажат итна седница на собранието на Македонија.
„Денешната седница е крајна перверзија на владејачкото мнозинство и покажува дека тие не само што не ја извлекуваат поуката, туку уште ја продлабочуваат кризата. Луѓето кои два месеца одбиваат да дојдат на анкетната комисија која треба да го истражи случајот, наеднаш им текна преку ноќ за другиот ден да закажат итна седница на собранието на Македонија.“
Повод за бојкотот на СДСМ беше токму А1, односно судската блокада на сметките на телевизија и на дневните весници кои излегуваат на истата адреса.
На денешната седница свое обраќање ќе имаат надлежните министерства и органи кои треба да достават комплетни информации за случајот „Перо Наков бб“.
Пратениците од власта очекуваат врз основа на понудените
Сметам дека оваа седница е добра причина СДСМ да се врати назад и тука да ги разгледуваме и да дискутираме по сите отворени прашања во Република
Македонија.